Освалд Чемберс: Радост - Силата во ГосподПримерок
Ако твоите околности се сега тешки, сети се на времињата кога тие не беа тешки и ќе се изненадиш на способноста на срцето да се префрли од едното на другото. Колку многу тешкотии може да поднесе срцето и колку многу радост! Ако ја изгубиме моќта да се префрламе од едното кон другото, тогаш ја пореметуваме рамнотежата. Божјиот Дух ја обновува и одржува таа рамнотежа на правилен начин.
Проповедање на Евангелието со цел „израдувај се“, а на човекот не му е до радост. Да му се каже некому да се разведри малце кога нема услови за тоа е исто како да ѝ кажете на медузата да слуша некоја од композициите на Хендел. Исто така залудно е да му се каже на некој човек кој е убеден за својата грешност да се развесели. Нему му е потребна Божјата благодат да го подигне и да стави во него извор на радост.
Прашања за размислување: Дали се задоволувам со веселост наместо со радост? Дали мојата доверба во Бог е доволна за да можам да искусам радост дури и во времиња на тага? Дали моето искуство со благодатта е поголемо од мојот грев?
Цитатите се превземени од: Biblical Psychology, © Discovery House Publishers

Свето Писмо
Опис за овој план
Откриј ја мудроста на Освалд Чемберс, авторот на My Utmost for His Highest, преку ова богатство на размислувања за радоста. Секое дневно читање нуди цитати од Чемберс заедно со прашања за лично размислување. Како што ќе те инспирира и предизвикува со неговата едноставна и директна библиска мудорст, ќе се пронајдеш себеси како сакаш да поминуваш повеќе време во комуникација со Бог.
More
We would like to thank Discovery House Publishers for providing this plan. For more information, please visit: www.utmost.org