Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

2 ДЕН ОД 30

Зборуваме за „околностите врз кои немаме никаква контрола“. Ниеден од нас нема контрола врз околностите, но сите сме одговорни како се водиме себеси со нештата такви какви што се. Два брода можат да пловат во спротивни правци на истиот ветар, водејќи се според вештината на нивниот капетан. Капетанот кој го управува својот брод кон карпите и вели: „Не можев поинаку, ветрот ме одведе во таа насока;“ и капетанот кој го довел својот брод на пристаништето, го имале истиот ветар, но, вториот знаел како да ги управува едрата така што ветерот да го донесе до насоката која ја сакал. Моќта на Божјиот мир ќе ви овозможи да го насочите вашиот курс насреде хаосот од обичниот живот.

О, Господе, кон Тебе се вртам, кон Тебе. Јас сум само обичен бездомник, сѐ додека не ме допреш со сигурноста на Твојот мир и Твојата слатка љубов.

Прашања за размислување: Каква моќ има мирот во мојот живот? Дали би го загубил мирот, ако инсистирам да се потпрам на моето „здраво размислување?“ Што може да биде посигурно од тоа да се биде во мир со Господ?

Цитати преземени од „The Moral Foundation of Life“ и „Knocking at God’s Door“, © Discovery House Publishers

Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.

More

Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org