Откровение 9:20-21
Откровение 9:20-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но луѓето што преживеаја низ сите овие страдања не се одвратија од своите злосторства, ниту пак престанаа да им се клањаат на демоните. Продолжуваа да боготворат идоли направени од злато, од сребро, од бронза, од камен или од дрво - идоли што ниту гледаат, ниту слушаат, ниту пак се движат. Не престанаа ни со убиствата, ни со гатањата, ни со блудството, ниту пак со крадењето.
Откровение 9:20-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А другите луѓе, што не загинаа од тие зла, не се покајаа за делата на рацете свои, та да не се поклонуваат ни на ѓаволи ни на идоли златни и сребрени, бронзени, камени и дрвени, кои не можат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту, пак, да одат; и не се покајаа ни за убиствата свои, ниту, пак, за вражбите свои, ниту за блудството свое, ниту за кражбите свои.
Откровение 9:20-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А другите луѓе, кои не загинаа од овие зла, не се покајаа за делата на своите раце, да не им се поклонуваат на бесовите и на златните, сребрените, бронзените, камените и дрвените идоли, кои не можат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту да одат. И не се покајаа за своите убиства, ниту за своите вражања, ниту за своите блудства, ниту за своите кражби.