Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 9

9
1Петтиот ангел затруби и видов една ѕвезда како паѓа од небото на Земјата. Нејзе и беа дадени клучевите од јамата што води до Бездната.
2Кога таа ја отвори јамата на Бездната, низ неа излезе дим како од огромна печка. Од димот поцрнеа и Сонцето и воздухот.
3Од истиот дим излегоа рој скакулци и ја наполнија Земјата. Ним им беше дадена моќ да касаат како скорпии.
4На скакулците им беше наредено да не ги пустошат ни тревата ни другото зеленило, ниту пак дрвјата, туку да ги напаѓаат само луѓето кои го немаат Божјиот печат на своите чела.
5Тие имаа наредба да не ги убиваат луѓето, туку да ги измачуваат пет месеци. Болката од нивниот убод е слична на болка при убод од скорпија.
6Во тоа време, луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат, ќе сакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив.
7Скакулците изгледаа како коњи подготвени за борба. На главите имаа нешто како златни венци, а лицата им беа човечки.
8Гривите им беа како на долгокоса жена, а забите - како заби на лав.
9Имаа оклопи како од железо, а шумот од нивните крилја правеше бучава како армија од бојни коли што јурат во бој!
10Имаа и опашки, со осила слични како на скорпии; со кои можеа да ги измачуваат луѓето пет месеци.
11Тие имаа и свој цар - тоа беше ангелот на Бездната, чие име на хебрејски е Абадон, а на грчки - Аполион.
12Првата мака помина, но еве, доаѓаат уште две!
13Шестиот ангел затруби и чув глас што проговори од четирите рогови на златниот жртвеник, поставен пред Бог.
14Гласот му беше упатен на шестиот ангел со труба, и му рече: „Одврзи ги четирите ангели кои се врзани покрај големата река Еуфрат!“
15Овие четири ангели биле определени токму за овој час, ден, месец и година. Сега беа одврзани за да погубат една третина од вкупниот број жители на Земјата.
16Го чув и бројот на нивната војска: тој изнесуваше двесте милиони коњаници!
17Во моето видение ги видов коњите и коњаниците; околу градите коњаниците носеа огнено-црвени, темно-сини и жолти оклопи. Коњите имаа глави слични на лавовските, а од устите им излегуваа оган, дим и сулфур.
18Една третина од жителите на Земјата загина од трите разурнувачки дејства на огнот, димот и сулфурот што излегуваа од устите на коњите.
19Убиствената сила на коњите им беше во устите и во опашките. Опашките им беа како на змии и имаа глави со кои ги повредуваа луѓето.
20Но луѓето што преживеаја низ сите овие страдања не се одвратија од своите злосторства, ниту пак престанаа да им се клањаат на демоните. Продолжуваа да боготворат идоли направени од злато, од сребро, од бронза, од камен или од дрво - идоли што ниту гледаат, ниту слушаат, ниту пак се движат.
21Не престанаа ни со убиствата, ни со гатањата, ни со блудството, ниту пак со крадењето.

Селектирано:

Откровение 9: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се