Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 9

9
1 # 8,10; 11,7; 20,1; Ис 14,12; Лк 8,31 Затруби и петтиот ангел, и видов ѕвезда како падна од небото на земјата. И ѝ беше даден клучот од кла­де­не­цот на бездната; 2#1 Мојс 19,28; 2 Мојс 19,18па го отвори кладенецот на бездната, и од кладенецот излезе дим како дим од голема печка; сонцето и воздухот по­темнеа од димот на изворот. 3#2 Мојс 10,12.15; Јоил 1,1–2,27И од димот се појавија скакулци по земјата, и им се даде власт, каква што имаат земните скорпии. 4#7,3; Ез 9,4И им се рече да не ја повредуваат тревата по земјата, ниту какво и да би­ло зеленило, ниту некое дрво, а само оние луѓе, кои немаат печат Божји на челата свои. 5И им се даде не да ги убиваат, туку само да ги мачат пет месеци; и ма­че­ње­то нивно беше како мачење од скорпија, кога ќе касне човек. 6#6,16; Ер 8,3; Јов 3,21Во тие дни луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат; ќе посакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив. 7#Јоил 2,4По својот облик скакулците личеа на коњи приготвени за војна: на главите нивни имаше нешто слично на златни венци, а лицата им беа како лица човеч­ки; 8#Јоил 1,6имаа коси како косите на жени, а забите им беа како заби на лавови. 9#Јоил 2,5И имаа оклопи како оклопи од же­лезо; а шумот на нивните крилја беше како шум на коли со многу коњи кога трчаат во војна. 10Имаа, пак, опашки како скорпиите, а на опашките осила и им беше дадена сила да им пакостат на луѓето пет месеци. 11И за цар над себе го имаа ангелот на бездната; името негово по еврејски е Авадон, а по грчки – Аполион#9,11 На грчки погубител, упропастувач.. 12#8,13Едното зло помина, еве идат уште две зла по него. 13#8,3; 2 Мојс 30,1-3И шестиот ангел затруби, и чув еден глас од четирите рога на златниот жртвеник, што е пред Бога, 14#16,12кој му зборуваше на шестиот ангел, кај кого беше трубата: „Ослободи ги четирите ангели, врзани кај големата река Еуфрат!“ 15И беа одврзани четирите ангели, кои беа приготвени за часот и денот, за месецот и годината, за да убијат една третина од луѓето. 16Бројот на коњаниците беше двесте милиони – го чув нивниот број. 17И така во видение ги видов коњите и оние кои јаваа на нив, што имаа оклопи огнени и синкасти и сулфурни. Главите на коњите личеа на глави од лавови, а од устата нивна излегуваше оган, дим и сулфур. 18А од тие три зла – огнот, димот и сулфурот, што излегуваа од нивната уста, умре една третина од луѓето, 19бидејќи нивната сила беше во нивната уста, а опашките нивни, што личеа на змии, имаа глави со кои пустошеа. 20#16,9.11#5 Мојс 32,17; Ис 17,8; Пс 115,4-7; 135,15-17; Дан 5,4.23; 1 Кор 10,19-20А другите луѓе, што не загинаа од тие зла, не се покајаа за делата на ра­цете свои, та да не се поклонуваат ни на ѓаволи ни на идоли златни и сребрени, бронзени, камени и дрвени, кои не можат ниту да гледаат, ниту да слу­ша­ат, ниту, пак, да одат; 21и не се покајаа ни за убиствата свои, ниту, пак, за вражбите свои, ниту за блудството свое, ниту за кражбите свои.

Селектирано:

Откровение 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се