Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 7:14-23

Марко 7:14-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И кога го повика сиот народ, им ре­че: „Слушајте Ме сите и разберете: ништо, што влегува во устата на чо­векот однадвор, не може да го ос­квер­ни; туку она што излегува од него, тоа го осквернува човекот. Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“ И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата. А Тој им рече: „Зар сте и вие така неразумни? Не разбирате ли дека ниш­то, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни? Зашто, тоа не оди во срцето, туку во стомакот, и излегува надвор, чис­теј­ќи ја сета храна.“ И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот. Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодеј­ства, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукавства, па­кос­ти, злоби, око завидливо, богохул­ство, гордост, безумство. Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот.“

Марко 7:14-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тогаш Исус повторно го повика народот кај Себе и му рече: „Слушајте Ме внимателно и со расудување! Ниедна храна што ја јадете нема духовно да ве опогани, туку лошите зборови и постапки ве опогануваат!“ (Кој има уши, нека слуша!) Кога Исус се раздели од народот, влезе во една куќа, а Неговите ученици Го прашаа за значењето на споредбата. А Тој им рече: „Зар и вие сe уште не разбирате? Зар не сфаќате дека храната што ја јадете духовно не ве опоганува, зашто таа не влегува во срцето, туку во стомакот, и оттаму се исфрла!?“ Со ова Исус го одобри секој вид храна. Потоа продолжи: „Човекот духовно се опоганува од она што излегува од него. Зашто, однатре, од човековото срце, излегуваат грешните мисли кои водат кон неморал, кражби, убиства, брачни неверства, алчност, лошотија, измами, завист, навреди, горделивост и безумија. Сите овие лоши работи излегуваат однатре и тие се што го опогануваат човекот.“

Марко 7:14-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш повторно го повика народот при Себе и му рече: „Слушајте ме сите и разберете! Нема ниш-то, вон човекот, што би можело да го направи нечист кога ќе влезе во него; туку она што излегува од човекот, тоа го прави нечист. Кој има уши, нека слуша!“ Веднаш, кога се оддалечи од народот, Тој влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа за смислата на параболата. Тој им рече: „Така! Зар и вие не разбирате? Не сфа-ќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него, зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?“ Така ги прогласи сите јадења за чисти. Исто така им велеше: „Она што излегува од човекот, тоа го прави нечист, зашто од внатрешноста, од чове-чкото срце, излегуваат: лоши мисли, разни видови блуд, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. Сите тие зла излегуваат од внатре и го прават нечист човекот.“