Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 7

7
Вистинска чистота
1И се собраа околу Него фарисеите и некои од книжниците, кои беа дошле од Ерусалим, 2и видоа дека некои од неговите ученици јадат леб со нечисти, односно неизмиени, раце. 3Зашто фарисеите и сите Јудејци - држејќи се до преданијата на старите - не јадат, ако не ги измијат рацете до лактите; 4и кога ќе се вратат од пазар, не јадат, ако не се измијат. И има уште многу друго, што го примиле да го одржуваат: миење на чаши, врчви, бакарни садови и столови. 5И така, фарисеите и книжниците Го прашаа; „Зошто Твоите ученици не живеат според преданијата на старите, туку јадат леб со неизмиени раце?“ 6А Тој им рече: „Добро пророкуваше Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‘Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене; 7напразно Ме почитуваат, учејќи науки, што се човечки повелби.’ 8Вие ја оставате Божјата заповед, а го држите човечкото предание. 9Вие добро ја укинувате - продолжи Тој - Божја-та заповед, за да го држите вашето предание!“ 10Имено, Мојсеј рече: ‘Почитувај ги татка си и мајка си!’ и ‘Кој ќе го проколне татка си и мајка си, да биде казнет со смрт!’ 11А вие велите: ‘Ако некој рече на татка си или на мајка си: Она што можам да ти помогнам е ветено, односно жртвен дар,’ 12не го оставате веќе да направи што и да е за својот татко и за својата мајка. 13И така го укинувате Божјото слово со своето предание, што вие го воспоставивте, и правите многу други работи слични на ова.“ 14Тогаш повторно го повика народот при Себе и му рече: „Слушајте ме сите и разберете! 15Нема ниш-то, вон човекот, што би можело да го направи нечист кога ќе влезе во него; туку она што излегува од човекот, тоа го прави нечист. 16Кој има уши, нека слуша!“ 17Веднаш, кога се оддалечи од народот, Тој влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа за смислата на параболата. 18Тој им рече: „Така! Зар и вие не разбирате? Не сфа-ќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него, 19зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?“ Така ги прогласи сите јадења за чисти. 20Исто така им велеше: „Она што излегува од човекот, тоа го прави нечист, 21зашто од внатрешноста, од чове-чкото срце, излегуваат: лоши мисли, разни видови блуд, убиства, 22кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. 23Сите тие зла излегуваат од внатре и го прават нечист човекот.“
Исцелување на ќерка на Сиро-Феничанка
24Се крена оттаму и отиде во Тирскиот и Сидонскиот Крај. Влезе во една куќа и сакаше никој да не го дознае. А не можеше да остане скриен. 25Кога чу за него една жена, чија ќерка беше опфа-тена од нечист дух; таа дојде и падна пред Неговите нозе. 26А таа жена беше Елинка, родум Сирофе-ничанка. И Го молеше да го истера бесот од ќерка ѝ. 27А Тој ѝ рече: „Остави прво да се наситат децата, зашто не е добро да им се земе лебот на дечињата и да се фрли на кученцата.“ 28Таа пак одговори: „Да, Господи! но и кученцата под трпезата јадат од трошките на децата.“ 29И ѝ рече: „Заради тој збор - оди си - бесот излезе од ќер-ка ти.“ 30И се врати дома и го најде детето, како лежи на постелата, а бесот излезен.
Исцелување на глувонем
31И кога излезе пак од пределите на Тир, дојде - преку Сидон - до Галилејското Море, среде пределите на Десеттоградието. 32И Му доведоа глувонем и Го молеа да положи рака на него. 33И го одведе насамо од народот, ги стави Своите прсти во неговите уши, и плукна и го допре неговиот јазик; 34погледна кон небото, воздивна и му рече: „Ефата!“ - односно: „Отвори се!“ 35И веднаш му се отворија ушите и му се разврза врската на неговиот јазик, и зборуваше чисто. 36И им порача никому да не кажуваат. Но колку повеќе им наредуваше Тој, толку повеќе тие разгласуваа. 37И прекумерно се чудеа и велеа: „Сѐ добро прави! И глувите ги прави да слушаат, и немите да зборуваат!“

Селектирано:

МАРКО 7: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност