Тогаш повторно го повика народот при Себе и му рече: „Слушајте ме сите и разберете! Нема ниш-то, вон човекот, што би можело да го направи нечист кога ќе влезе во него; туку она што излегува од човекот, тоа го прави нечист. Кој има уши, нека слуша!“ Веднаш, кога се оддалечи од народот, Тој влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа за смислата на параболата. Тој им рече: „Така! Зар и вие не разбирате? Не сфа-ќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него, зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?“ Така ги прогласи сите јадења за чисти. Исто така им велеше: „Она што излегува од човекот, тоа го прави нечист, зашто од внатрешноста, од чове-чкото срце, излегуваат: лоши мисли, разни видови блуд, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. Сите тие зла излегуваат од внатре и го прават нечист човекот.“