Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 5:14-20

Марко 5:14-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Свињарите се разбегаа и разгласија за ова по градот и по селата, така што народот излезе да види што се случило. Кога дојдоа до Исус и го видоа човекот кој порано беше обземен од легија демони како седи облечен и со здрав ум, многу се исплашија. Откако очевидците им раскажаа за она што се случи со човекот и со свињите, луѓето Го замолија Исуса да си оди од нивниот крај. Кога Исус се враќаше на бротчето, човекот кој дотогаш беше обземен од демони Го молеше и тој да тргне со Него. Но Исус не му дозволи, туку му рече: „Оди си дома и кажи им на твоите роднини што стори Господ за тебе со Своето милосрдие.“ Тогаш тој си замина и патуваше по пределот на Декаполис и на сите им раскажуваше за она што Исус го стори за него. И секој што ќе чуеше се восхитуваше.