Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 5

5
1И дојдоа на другата страна на морето, во Гадаринскиот крај. 2И кога излезе од коработ, веднаш му дојде во пресрет - од гробовите - човек со нечист дух. 3Тој живее-ше во гробовите; никој не можеше веќе ни со окови да го врзе, 4зашто многупати го ставаа во окови и вериги, но тој ги кинеше веригите и ги кршеше оковите, и никој не можеше да го скроти. 5И постојано, ноќе и дење, беше во гробо-вите и по ридовите, викајќи и удирајќи се самиот со камења. 6И кога Го виде Исуса оддалеку, дотрча, падна ничкум пред Него, 7и извика со силен глас: „Што имаш Ти со мене, Исусе, Сине на Сѐвишниот Бог? Те заколнувам во Бога, на мачи ме!“ 8Зашто му рече: „Излези од човеков, нечисти душе!“ 9И го праша: „Како ти е името?“ И Му рече: „Името ми е Легион, зашто сме мнозина.“ 10И го молеа многу да не ги истера од тој крај. 11А таму, по ридот, пасеше големо стадо свињи. 12И Го замолија сите демони, велејќи; „Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.“ 13И тукутака им дозволи и нечистите духо-ви излегоа, и влегоа во свињите, и стадото - околу две илјади - се спушти по стрмнината во морето, и се удавија во морето. 14А оние, кои ги пасеа, побегнаа и разгласија во градот и по селата, и дојдоа да видат што станало. 15И кога дојдоа при Исуса и го видоа бесниот - во кого беше Легионот - како седи облечен и умен, се уплашија. 16А оние, кои беа виделе, им раскажаа што се случи со бесниот и со свињите. 17И почнаа да Го молат да си отиде од нивниот крај. 18А кога влегуваше во коработ, оној кој беше фатен од бесовите, Му се молеше да биде со Него. 19Но не му одобри, туку му рече: „Оди дома при своите, и раскажи им што ти направи Господ и како ти се смилува!“ 20И отиде и почна да раскажува по Десеттоградието што му направи Исус; и сите се восхитуваа.
Воскресение на Јаировата ќерка и исцелување на жена со крвотече-ние
21И кога Исус пак премина со кораб на другата страна, многу народ се собра при Него, а Тој беше покрај морето. 22И дојде еден од началниците на синагогата, по име Јаир и кога Го виде, падна пред Неговите нозе. 23И Го моле-ше многу, велејќи: „Мојата ќерка е на умирање, дојди и положи ги рацете над неа - за да биде спасена и да живее!“ 24И отиде со него. И многу народ одеше по Него и Го притискаше.
25И една жена, која страдаше од крвотечение дванаесет години, 26и претрпела многу од мнозина лека-ри и си го потрошила целиот свој имот, а од тоа немаше никаква полза, туку ѝ стана уште полошо; 27откако чу за Исуса, дојде меѓу народот, одназад, и се допре до Неговата облека, 28зашто си веле-ше: „Ако се допрам само и до Неговата облека, ќе се спасам!“ 29И веднаш ѝ прекрати крвотече-нието и таа почувствува во телото дека е излекувана од болеста. 30А Исус почувствува веднаш во Себе, дека сила излезе од Него, се сврте среде народот и рече: „Кој се допре до Мојата облека?“ 31Него-вите ученици пак рекоа: „Гледаш дека народ Те притиска и велиш: ‘Кој се допре до Мене?’“ 32И Тој гледаше наоколу, за да види, кој го направи тоа. 33А жената, уплашена и растреперена - зашто знаеше што стана со неа - дојде и падна пред Него и Му ја кажа сета вистина. 34А Тој ѝ рече: „Ќерко, твојата вера те спаси! Оди си со мир и биди здрава од својата болест!“
35Додека уште зборуваше, дојдоа од домот на началникот на синагогата и му рекоа: „Ќерка ти умре! Зошто Го измачуваш уште Учите-лот!“ 36А Исус, кога го чу зборот, што го рекоа, му рече на начал-никот на синагогата: „Не бој се! Само верувај!“ 37И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петра, на Јакова и на Јована, братот Јаковов. 38И дојдоа во куќата на началникот; и виде врева, дека плачеа и пиштеа многу, 39и кога влезе им рече: „Зошто викате и плачете? Детето не е умрено, туку спие!“ 40И Му се потсмеваа. А Тој ги истера сите надвор, ги зеде: таткото на детето, и мајката и оние кои беа со Него, и влезе таму каде што беше детето. 41И кога го фати детето за рака му рече: „Талита кум!“- што значи: „Девој-че, Јас ти велам стани!“ 42И девој-чето стана веднаш и одеше, зашто имаше дванаесет години. И веднаш се зачудија многу. 43И им заповеда строго никој да не дознае за тоа, и рече да ѝ дадат да јаде.

Селектирано:

МАРКО 5: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност