А оние, кои ги пасеа, побегнаа и разгласија во градот и по селата, и дојдоа да видат што станало. И кога дојдоа при Исуса и го видоа бесниот - во кого беше Легионот - како седи облечен и умен, се уплашија. А оние, кои беа виделе, им раскажаа што се случи со бесниот и со свињите. И почнаа да Го молат да си отиде од нивниот крај. А кога влегуваше во коработ, оној кој беше фатен од бесовите, Му се молеше да биде со Него. Но не му одобри, туку му рече: „Оди дома при своите, и раскажи им што ти направи Господ и како ти се смилува!“ И отиде и почна да раскажува по Десеттоградието што му направи Исус; и сите се восхитуваа.
Прочитај МАРКО 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: МАРКО 5:14-20
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа