Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 14:1-14

Матеј 14:1-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Во тоа време, вестите за Исус допреа и до Ирод царот на покраината Галилеја, кој им велеше на своите службеници: „Тоа мора да е Јован Крстител кој воскреснал од мртвите и затоа има моќ да прави вакви чуда!“ Бидејќи Ирод го беше уапсил Јована, и во пранги го беше фрлил в затвор, за да ђ удоволи на Иродијада жената на Филип, кој му беше брат на Ирод. Јован постојано му велеше на Ирод: „Ти немаш право да ја присвојуваш жената на брат ти!“ Ирод сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто сите го сметаа Јован Крстител за пророк. Но, на роденденот на Ирод, ќерката на Иродијада танцуваше пред сите и толку му угоди на Ирод, што тој со заклетва ђ вети дека ќе ђ даде си што ќе побара. По совет на мајка си, таа му рече: „Донеси ми ја овде, на послужавник, главата на Јован Крстител!“ Царот зажали за своето ветување, но поради својата заклетва и поради гостите, тој заповеда желбата да ђ биде исполнета. Испрати луѓе кои во затворот му ја отсекоа главата на Јован, и ја донесоа на послужавник кај девојката, а таа ја однесе кај мајка си. Потоа дојдоа Јовановите ученици, го зедоа неговото тело и го погребаа, а потоа Му јавија и на Исус. Кога Исус слушна за погубувањето на Јован Крстител, си замина оттаму со бротче и дојде насамо на едно пусто место. Но народот од градовите дозна за тоа и се упати пеш дотаму. А Тој, излегувајќи од бротчето, виде голема толпа народ. Душата Му се исполни со сочувство и ги исцелуваше болните меѓу нив.

Матеј 14:1-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Во тоа време гласот за Исус дојде и до Ирод четворовласни­кот, кој им рече на своите потчинети: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал, па затоа и стануваат чуда преку него!“ Зашто Ирод, кога го фати Јован, го врза и го фрли во затвор заради Иро­ди­јада, жената на брат му Филип; бидејќи Јован му велеше: „Не до­ли­кува да биде твоја!“ И сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто го сметаа за пророк. А кога му беше роденден на Ирод, ќерката на Иродијада играше пред гостите и му угоди на Ирод; затоа тој ѝ се заколна дека ќе ѝ даде што и да побара. И таа, подучена од мајка си, рече: „Дај ми ја овде на чинија главата на Јо­ван Крстител!“ И се загрижи царот; но, заради заклетвата и гостите свои, нареди да ѝ ја дадат. Па прати, та ја отсекоа главата на Јован во затворот. И ја донесоа главата негова на чи­нија и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на мајка си. Учениците, пак, негови, дојдоа, го земаа неговото тело и го погребаа; па отидоа и му јавија на Исус. Штом го чу тоа Исус, замина оттаму со кораб во пусто место, Сам а на­ро­дот, штом дозна за тоа, тргна по Него пеш од градовите. И кога излезе Исус, виде многу свет; и се смилува над нив и ги излекува нивните болни.

Матеј 14:1-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Во она време четворовласникот Ирод го чу гласот за Исуса; и им рече на своите слуги: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал од мртвите, и затоа силните дела дејствуваат во Него.“ Зашто Ирод го фати Јована, го врза и го стави во затвор, заради Иродијада, жената на брата си Филипа; бидејќи Јован му велеше: „Не ти е дозволено да ја имаш.“ И сакајќи да го убие, се боеше од народот, зашто го држеше за пророк. А кога се празнуваше Иродовиот роденден, Иродијадината ќерка играше среде и му угоди на Ирода, затоа, тој со клетва ѝ вети да ѝ даде, што и да му побара. А таа, наговорена од својата мајка, рече: „Дај ми ја тука на послужа-вник главата на Јован Крстител.“ И царот се ожалости, но заради клетвите и заради оние што седеа со него, заповеда да ѝ ја дадат, и испрати, па го обезглавија Јована во затворот. И неговата глава беше донесена на послужавник и дадена на девојката, а таа ја однесе на мајка си. И неговите ученици дојдоа, го зедоа телото и го погребаа, и отидоа и Му јавија на Исуса. А кога го чу тоа Исус, се повлече оттаму со кораб, во пусто место, насамо. Но мноштвата чуја и Го следеа пеш од градовите. И кога излезе виде големо мноштво, беше поттикнат со сожалување кон нив и ги исцели нивните болни.