Во тоа време гласот за Исус дојде и до Ирод четворовласникот, кој им рече на своите потчинети: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал, па затоа и стануваат чуда преку него!“ Зашто Ирод, кога го фати Јован, го врза и го фрли во затвор заради Иродијада, жената на брат му Филип; бидејќи Јован му велеше: „Не доликува да биде твоја!“ И сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто го сметаа за пророк. А кога му беше роденден на Ирод, ќерката на Иродијада играше пред гостите и му угоди на Ирод; затоа тој ѝ се заколна дека ќе ѝ даде што и да побара. И таа, подучена од мајка си, рече: „Дај ми ја овде на чинија главата на Јован Крстител!“ И се загрижи царот; но, заради заклетвата и гостите свои, нареди да ѝ ја дадат. Па прати, та ја отсекоа главата на Јован во затворот. И ја донесоа главата негова на чинија и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на мајка си. Учениците, пак, негови, дојдоа, го земаа неговото тело и го погребаа; па отидоа и му јавија на Исус. Штом го чу тоа Исус, замина оттаму со кораб во пусто место, Сам а народот, штом дозна за тоа, тргна по Него пеш од градовите. И кога излезе Исус, виде многу свет; и се смилува над нив и ги излекува нивните болни.
Прочитај Матеј 14
Слушај Матеј 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 14:1-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа