Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 14:1-14

МАТЕЈ 14:1-14 MKB

Во она време четворовласникот Ирод го чу гласот за Исуса; и им рече на своите слуги: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал од мртвите, и затоа силните дела дејствуваат во Него.“ Зашто Ирод го фати Јована, го врза и го стави во затвор, заради Иродијада, жената на брата си Филипа; бидејќи Јован му велеше: „Не ти е дозволено да ја имаш.“ И сакајќи да го убие, се боеше од народот, зашто го држеше за пророк. А кога се празнуваше Иродовиот роденден, Иродијадината ќерка играше среде и му угоди на Ирода, затоа, тој со клетва ѝ вети да ѝ даде, што и да му побара. А таа, наговорена од својата мајка, рече: „Дај ми ја тука на послужа-вник главата на Јован Крстител.“ И царот се ожалости, но заради клетвите и заради оние што седеа со него, заповеда да ѝ ја дадат, и испрати, па го обезглавија Јована во затворот. И неговата глава беше донесена на послужавник и дадена на девојката, а таа ја однесе на мајка си. И неговите ученици дојдоа, го зедоа телото и го погребаа, и отидоа и Му јавија на Исуса. А кога го чу тоа Исус, се повлече оттаму со кораб, во пусто место, насамо. Но мноштвата чуја и Го следеа пеш од градовите. И кога излезе виде големо мноштво, беше поттикнат со сожалување кон нив и ги исцели нивните болни.