Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Maтеј 14:1-14

Maтеј 14:1-14 MNT

Во тоа време, вестите за Исус допреа и до Ирод царот на покраината Галилеја, кој им велеше на своите службеници: „Тоа мора да е Јован Крстител кој воскреснал од мртвите и затоа има моќ да прави вакви чуда!“ Бидејќи Ирод го беше уапсил Јована, и во пранги го беше фрлил в затвор, за да ђ удоволи на Иродијада жената на Филип, кој му беше брат на Ирод. Јован постојано му велеше на Ирод: „Ти немаш право да ја присвојуваш жената на брат ти!“ Ирод сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто сите го сметаа Јован Крстител за пророк. Но, на роденденот на Ирод, ќерката на Иродијада танцуваше пред сите и толку му угоди на Ирод, што тој со заклетва ђ вети дека ќе ђ даде си што ќе побара. По совет на мајка си, таа му рече: „Донеси ми ја овде, на послужавник, главата на Јован Крстител!“ Царот зажали за своето ветување, но поради својата заклетва и поради гостите, тој заповеда желбата да ђ биде исполнета. Испрати луѓе кои во затворот му ја отсекоа главата на Јован, и ја донесоа на послужавник кај девојката, а таа ја однесе кај мајка си. Потоа дојдоа Јовановите ученици, го зедоа неговото тело и го погребаа, а потоа Му јавија и на Исус. Кога Исус слушна за погубувањето на Јован Крстител, си замина оттаму со бротче и дојде насамо на едно пусто место. Но народот од градовите дозна за тоа и се упати пеш дотаму. А Тој, излегувајќи од бротчето, виде голема толпа народ. Душата Му се исполни со сочувство и ги исцелуваше болните меѓу нив.