Јован 2:13-17
Јован 2:13-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Наближуваше еврејскиот празник Пасха па Исус се искачи во Ерусалим. Таму, пред храмот, Тој затекна продавачи на говеда, овци и гулаби, и менувачи на пари. Откако си направи камшик од јаже, ги избрка сите надвор, заедно со овците и говедата, а на менувачите им ги истури парите и им ги испреврте масите. На продавачите на гулаби им рече: „Изнесете ги одовде! Престанете да го претворате Домот на Мојот Татко во пазариште!“ Неговите ученици се сетија дека во Светото Писмо пишува: „Ревноста кон Божјиот Дом Ме изеде!“
Јован 2:13-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Се приближуваше Пасха јудејска и Исус се искачи во Ерусалим; и ги затече во храмот оние што продаваа волови, овци и гулаби, и менувачите на пари – како седат. И направи камшик од врвци, ги избрка од храмот сите, и овците и воловите; а на менувачите им ги растури парите и ги испреврте масите, па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде, и од домот на Мојот Отец немојте да правите дом за трговија!“ Учениците, пак, Негови тогаш се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот дом Ме изеде.“
Јован 2:13-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И беше близу јудејската Пасха и Исус се искачи во Ерусалим. И ги најде во Храмот продавачите на волови, овци и гулаби и мену-вачите на сребреници - како седат таму. Направи бич од јажиња и ги истера сите од Храмот, заедно со овците и воловите. На среброменувачите им ги истури сребрениците и им ги преврте масите. А на оние, кои продаваа гулаби им рече: „Однесете го тоа оттука! Не правете трговска куќа од Домот на Мојот Татко!“ Него-вите ученици се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот Дом Ме изеде.“