Се приближуваше Пасха јудејска и Исус се искачи во Ерусалим; и ги затече во храмот оние што продаваа волови, овци и гулаби, и менувачите на пари – како седат. И направи камшик од врвци, ги избрка од храмот сите, и овците и воловите; а на менувачите им ги растури парите и ги испреврте масите, па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде, и од домот на Мојот Отец немојте да правите дом за трговија!“ Учениците, пак, Негови тогаш се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот дом Ме изеде.“
Прочитај Јован 2
Слушај Јован 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 2:13-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа