И беше близу јудејската Пасха и Исус се искачи во Ерусалим. И ги најде во Храмот продавачите на волови, овци и гулаби и мену-вачите на сребреници - како седат таму. Направи бич од јажиња и ги истера сите од Храмот, заедно со овците и воловите. На среброменувачите им ги истури сребрениците и им ги преврте масите. А на оние, кои продаваа гулаби им рече: „Однесете го тоа оттука! Не правете трговска куќа од Домот на Мојот Татко!“ Него-вите ученици се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот Дом Ме изеде.“
Прочитај ЈОВАН 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЈОВАН 2:13-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа