Наближуваше еврејскиот празник Пасха па Исус се искачи во Ерусалим. Таму, пред храмот, Тој затекна продавачи на говеда, овци и гулаби, и менувачи на пари. Откако си направи камшик од јаже, ги избрка сите надвор, заедно со овците и говедата, а на менувачите им ги истури парите и им ги испреврте масите. На продавачите на гулаби им рече: „Изнесете ги одовде! Престанете да го претворате Домот на Мојот Татко во пазариште!“ Неговите ученици се сетија дека во Светото Писмо пишува: „Ревноста кон Божјиот Дом Ме изеде!“
Прочитај Јован 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 2:13-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа