Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 11:7-16

Евреите 11:7-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Преку вера Ное, откако беше пре­дупреден за она што уште не се гле­да­ше, со послушност го направи ковчегот за да го спаси својот дом. Со тоа тој го осуди светот и стана наследник на пра­ведноста по вера. Со вера Авраам, кога беше повикан, послуша да појде во местото што тре­баше да го добие во наследство, и тргна, не знаејќи каде оди. Со вера се всели Авраам во ветената земја како туѓинец и живееше под ша­тори со Исак и Јаков, наследници на ис­тото ветување; зашто тој го очекуваше оној град што има основи, чиј градител и творец е Бог. Преку вера и самата Сара – иако беше неплодна, доби сила да зачне и, покрај возраста нејзина, роди, зашто Го сметаше за верен Оној Кој беше ветил. И така од еден, и тоа остарен, се ро­дија толку многу, колку што се ѕвездите на небото, и колку што е безбројниот песок на морскиот брег. Сите тие умреа со вера, не добивај­ќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и ги поздравија, признавајќи дека се гости и придојдени. Бидејќи оние што така зборуваат покажуваат дека бараат татковина. И ако ја беа имале на ум онаа тат­ковина, од која беа излегле, ќе имаа прилика да се вратат. Но тие сакаа подобра, односно не­бесна татковина; затоа и Бог не се сра­ми да се нарече нивен Бог; бидејќи им има приготвено град.

Евреите 11:7-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Ное имаше вера во Бог и затоа Тој го предупреди за она што се уште не се беше случило. Тој со побожна почит изгради ковчег за да го спаси своето семејство. На тој начин, светот беше осуден, а Ное поради својата вера беше оправдан во Божјите очи. Авраам имаше вера и затоа кога Бог го повика да замине од својата татковина во земјата која му беше ветена како наследство, тој Го послуша. Авраам тргна, иако не знаеше каде оди. Преку вера тој се досели во земјата која Бог му ја вети и живееше во шатори како туѓинец. Така живееја и Исак и Јаков, на кои Бог им го даде истото ветување. Авраам постапи така, зашто тој очекуваше град со вечни темели, чиј архитект и градител е Бог. И Сара имаше вера и затоа доби способност да зачне, иако беше неротка и во поодминати години. Таа Му веруваше на Оној што и беше ветил. Иако Авраам беше близу до умирачка, од овој единствен човек произлегоа толку потомци, колку што има ѕвезди на небото и неброени зрнца песок на морскиот брег. Сите овие луѓе се сега умрени, но тие имаа вера, иако не го дочекаа она што им беше ветено, туку само оддалеку го видоа и го поздравија, истовремено признавајќи дека се само странци и привремени жители на Земјата. А луѓе што така зборуваат покажуваат дека бараат место што ќе им биде татковина. И не сметаа дека тоа е земјата од која произлегоа, зашто да мислеа така ќе најдеа начин таму да се вратат. Напротив, тие копнееја за многу подобрата небесна татковина. И затоа Бог не се срами да биде наречен нивни Бог. Тој дури и град им изгради на небото!

Евреите 11:7-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Преку вера Ное беше известен за она што уште не се гледаше, поттикнат од стравопочитување, приготви ковчег за спасение на својот дом; со неа го осуди светот и стана наследник на праведноста, која е според вера. Преку вера Авраам послуша, кога беше повикан да излезе на местото што требаше да го прими во наследство, и излезе не знаејќи каде оди. Преку вера се насели во земјата на ветувањето, како во туѓа и се настани во шаторите заедно со Исака и Јакова, сонаследници на истото ветување, зашто бараше град со основи, кому Бог му е Градител и Творец. Преку вера и самата Сара доби сила да зачне, во напредната возраст откако Го сметаше за верен Оној, Кој ѝ беше ветил. Затоа од еден и тоа речиси мртов, се намножи многу народ „како небесните ѕвезди и како песокта на морскиот брег, што не може да се изброи.“ Сите овие умреа во вера, не добивајќи ги ветувањата, туку само оддалеку ги видоа и ги поздравија, и исповедаа дека се туѓинци и придојденици на земјата. Зашто, кои зборуваат така, покажуваат дека ја бараат родината. И ако при тоа мислеле на онаа, од која излегле, имаа време да се вратат; но сега, копнеат по подобра, односно по небесната. Затоа Бог не се срами од нив, да се нарече нивни Бог, зашто им приготвил град.