Преку вера Ное, откако беше предупреден за она што уште не се гледаше, со послушност го направи ковчегот за да го спаси својот дом. Со тоа тој го осуди светот и стана наследник на праведноста по вера. Со вера Авраам, кога беше повикан, послуша да појде во местото што требаше да го добие во наследство, и тргна, не знаејќи каде оди. Со вера се всели Авраам во ветената земја како туѓинец и живееше под шатори со Исак и Јаков, наследници на истото ветување; зашто тој го очекуваше оној град што има основи, чиј градител и творец е Бог. Преку вера и самата Сара – иако беше неплодна, доби сила да зачне и, покрај возраста нејзина, роди, зашто Го сметаше за верен Оној Кој беше ветил. И така од еден, и тоа остарен, се родија толку многу, колку што се ѕвездите на небото, и колку што е безбројниот песок на морскиот брег. Сите тие умреа со вера, не добивајќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и ги поздравија, признавајќи дека се гости и придојдени. Бидејќи оние што така зборуваат покажуваат дека бараат татковина. И ако ја беа имале на ум онаа татковина, од која беа излегле, ќе имаа прилика да се вратат. Но тие сакаа подобра, односно небесна татковина; затоа и Бог не се срами да се нарече нивен Бог; бидејќи им има приготвено град.
Прочитај Евреите 11
Слушај Евреите 11
Сподели
Спореди ги сите верзии: Евреите 11:7-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа