Галатјаните 4:3-7
Галатјаните 4:3-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Така е и со нас. Додека бевме духовно малолетни, им бевме потчинети на световните сили. Кога дојде определеното време, Бог Го прати Својот Син. Тој се роди од жена и живееше под Законот. Бог го испрати Христос за да не ослободи од Законот и, преку посвојување, да не направи Божји деца. За да ви докаже дека и вие, неевреите, станавте Негови деца, Бог Го испрати во нашите срца Духот на Својот Син. Духот ви дава слобода да Му се обраќате на Бог со: „Аба“, односно со „Татко“. Така, сега не сте веќе робови, туку Божји деца, а штом сте Божји деца, вие ќе наследите се што е Божјо.
Галатјаните 4:3-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па така и ние, додека бевме малолетни, бевме поробени од стихиите на светот; но, кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, Кој се роди од жена и се потчини на Законот, за да ги откупи оние што се под Закон, та да го примиме посинувањето. А бидејќи вие сте синови, Бог Го испрати Духот на Својот Син во срцата ваши, Кој вика: Ава, Оче! Затоа не си веќе роб, туку син; ако си, пак, син, тогаш си и наследник Божји преку Исус Христос.
Галатјаните 4:3-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Така и ние, додека бевме малолетни, бевме заробени под првобитните учења на светот; а кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, роден од жена, роден под Законот, за да ги откупи оние, кои беа под Законот, за да го примиме посинувањето. А бидејќи сте синови, Бог Го испрати во вашите срца: Духот на Својот Син, Кој вика: „Ава, Татко!“ Затоа не си повеќе роб, туку син; а ако си син, тогаш си и наследник на Бога преку Христа.