Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 4

4
Од ропството на Законот во слобода
1Но ви велам: наследникот, додека е млад, со ништо не се разликува од робот, макар што е господар над сѐ; 2туку е под настојници и чувари до определениот рок од неговиот татко. 3#Кол 2,20Па така и ние, додека бевме мало­лет­ни, бевме поробени од стихиите на светот; 4#Мк 1,15; Јн 1,14; Рим 1,3; Ефес 1,10но, кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, Кој се роди од жена и се потчини на Законот, 5#3,13.26за да ги откупи оние што се под За­кон, та да го примиме посинувањето. 6#Рим 8,15А бидејќи вие сте синови, Бог Го испрати Духот на Својот Син во срцата ваши, Кој вика: Ава, Оче! 7#3,29; Јн 15,15Затоа не си веќе роб, туку син; ако си, пак, син, тогаш си и наследник Бож­ји преку Исус Христос.
Павле чувствува немир за Галатјаните
8 # Ис 37,19; Ер 2,11; 2 Лет 13,9; 1 Кор 8,4-6 Но тогаш, бидејќи Бога не Го познававте, им служевте на богови кои по својата природа не се богови; 9#1 Кор 8,3а сега, откако Го познавте Бога, или, подобро, откако Бог ве позна, како сега повторно се враќате кон слабите и бедни стихии, на кои сакате одново да им служите? 10#Рим 14,5Внимавате на деновите, месеците, времињата, годините. 11#Фил 2,16Се плашам за вас, да не сум се тру­дел меѓу вас попусто. 12#1 Кор 4,16Ве молам, браќа, станете како мене, затоа што и јас станав како вас. Вие со ништо не сте ме навредиле: 13#1 Кор 2,3знаете дека, кога за првпат ви про­поведав, бев телесно немоќен, 14и при сето тоа, вие не го презревте искушението на моето тело, ниту се погнасивте од него, туку ме примивте како ангел Божји, како Исус Христос. 15Каде ви е сега радоста ваша? Сведо­чам за вас дека кога би било можно, и очите свои би ги извадиле и би ми ги дале. 16#Амос 5,10; 2 Кор 12,15И затоа ли станав ваш непријател, бидејќи ви ја зборував вистината? 17Тие не ревнуваат за вас добро, туку сакаат да ве одвојат од мене, та вие за нив да ревнувате. 18Добро е секогаш да ревнувате во доброто, а не само кога сум меѓу вас. 19#1 Кор 4,15; 2 Кор 4,10-12; Кол 1,24Чеда мои, за кои сум пак во родилни маки, додека не се обликува во вас Исус Христос, 20сега би сакал да бидам меѓу вас и да ви се обратам со поинаков тон, бидејќи сум во недоумица за вас.
Двата завета: Законот кој поробува и благодатта која ослободува
21Кажете ми, вие, што сакате да би­дете под Законот: зарем не го слушате Законот? 22#1 Мојс 16,15; 21,2Зашто е напишано дека Авраам имаше двајца синови, еден од слугинката, а друг од слободната. 23#1 Мојс 17,16; Рим 9,7-9Но оној што беше од слугинката, се роди по тело; а оној што беше од сло­бод­ната – по ветување. 24А ова е речено сликовито: двете жени се двата завета: едниот од Синај­ската Гора, која раѓа за ропство; а тоа е Агара. 25Бидејќи Агара значи Синајска Гора во Арабија, а соодветствува на сегаш­ни­от Ерусалим и робува со децата свои; 26#Евр 12,22; Откр 3,12; 21,2.10а горниот Ерусалим е слободен: тој е мајка на сите нас. 27#1 Мојс 21,10; Ис 54,1Зашто е напишано: „Развесели се неплодна, ти што не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си искусила поро­дилни маки; бидејќи напуштената има многу повеќе деца од онаа која има маж.“ 28Вие, пак, браќа, сте како Исак, чеда на ветувањето. 29#1 Мојс 21,9Но, како што тогаш, оној што се роди по тело, го гонеше родениот по дух, така е и сега. 30#1 Мојс 21,10А што зборува Писмото? „Истерај ја робинката и синот нејзин, зашто си­нот на робинката нема да биде наследник заедно со синот на слободната!“ 31И така, браќа ние не сме деца на ро­бинката, туку на слободната.

Селектирано:

Галатјаните 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност