Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ГАЛАТЈАНИТЕ 4

4
Робување на Законот и евангелската слобода
1Ви велам пак, додека е наследникот малолетен, со ништо не се разликува од робот, иако е господар на сѐ. 2Туку е под настојници и управители до рокот определен од таткото. 3Така и ние, додека бевме малолетни, бевме заробени под првобитните учења на светот; 4а кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, роден од жена, роден под Законот, 5за да ги откупи оние, кои беа под Законот, за да го примиме посинувањето. 6А бидејќи сте синови, Бог Го испрати во вашите срца: Духот на Својот Син, Кој вика: „Ава, Татко!“ 7Затоа не си повеќе роб, туку син; а ако си син, тогаш си и наследник на Бога преку Христа.
8Но вие порано, не познавајќи Го Бога, им служевте ропски на боговите, кои по природа не се тоа. 9А сега, кога Го познавате Бога, или уште подобро: откако Бог ве позна вас - како можете пак да им се враќате на слабите и бедни елементарни учења, на кои сакате пак одново да им служите ропски? 10Внимавате на деновите, и месеците, и времињата, и годините. 11Се плашам за вас, да не се трудев напразно за вас.
12Ве молам, браќа, бидете каков што сум јас, зашто и јас сум како вас! Вие со ништо не сте ме навредиле. 13А знаете дека за првпат во телесна слабост, ви го проповедав Евангелието; 14и искушението, кое беше за вас, во моето тело, не го отфрливте, ниту се згнасивте од него; туку ме примивте како Божји ангел, како Христа Исуса. 15Сега, каде е она ваше блаженство? Зашто ви сведочам, дека кога би било можно, би ги извадиле своите очи и би ми ги дале мене. 16Дали ви станав непријател затоа, што ви ја зборувам вистината? 17Тие не ревнуваат добро за вас, туку сакаат да ве одвојат, за да ревнувате за нив. 18Меѓутоа, добро е секогаш да ревнувате во доброто, а не само кога сум јас при вас, 19деца мои, кои пак сум во породилни маки, додека Христос се вообличи во вас. 20Би сакал да сум сега при вас, и да го изменам својот глас, зашто сум во сомнение за вас.
21Кажете ми, вие, кои сакате да бидете под Законот: не го слушате ли Законот? 22Зашто е напишано дека Авраам имал два сина: едниот од робинката, а другиот од слободната. 23Но оној, од робинката, роден е по тело, а оној од слободната преку ветувањето. 24Ова е речено сликовито: тие жени се двата завета; едниот од гората Синај, кој раѓа за ропство; тој е Агара - 25зашто Агара е Синајската Гора во Арабија, и му одговара на сегашниот Ерусалим, кој робува со своите деца. 26Но небесниот Ерусалим е слободен, тој е наша мајка, 27зашто е напишано: „Весели се неплодна, која не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си имала породилни маки; зашто оставената има повеќе деца, отколку онаа, која има маж.“ 28И вие сте, браќа, деца на ветувањето како Исак. 29И како што некогаш оној, кој се роди по тело, го гонеше оној, кој се роди по дух, така е и сега. 30А што вели Писмото? „Истерај ја робинката и нејзиниот син, зашто синот на робинката нема да наследи со синот на слободната!“ 31Затоа, браќа, ние не сме деца на робинката, туку на слободната.

Селектирано:

ГАЛАТЈАНИТЕ 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност