Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 9:1-9

Дела 9:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А Савле, дишејќи уште со застрашувања и убиства против учени­ци­те на Господа, дојде кај првосвеште­ни­кот и побара од него писма за синаго­ги­те во Дамаск, така што, ако таму најде некои што го следат овој пат, мажи и жени, врзани да ги доведе во Ерусалим. Но, додека по патот наближуваше до Дамаск, наеднаш го обзеде светлина од небото, и, откако падна на земја, слушна глас што му зборуваше: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?“ А тој одговори: „Кој си Ти, Гос­по­ди­не?“ А Господ му рече: „Јас сум Исус, Кого Го гониш.“ (Тресејќи се од страв и ужас, тој праша: „Господи, што сакаш да на­пра­вам?“ А Господ му рече:) „Стани и влези во градот; и ќе ти се каже што треба да правиш!“ А луѓето, што одеа по него, стоеја занемени од вчудовиденост, зашто слу­шаа глас, а никого не гледаа. Савле стана од земјата и, макар што му беа очите негови отворени, ништо не гледаше: и водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск. И три дена остана слеп, и ништо не јадеше, ниту пиеше.

Дела 9:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Во меѓувреме Савле, со секој свој здив, претставуваше смртна закана за Господовите следбеници. Толку беше ревносен во неговата решеност да ги истреби, што отиде кај Првосвештеникот и измоли од него да напише писма до синагогите во Дамаск, во кои Првосвештеникот ќе бара од нив да соработуваат со Савле во апсењето на сите следбеници на Патот што ќе ги најде таму. Савле сакаше да ги доведе во Ерусалим сите христијани, и мажи и жени, оковани во син?ири. Кога се приближи до Дамаск, ненадејно блесна во него силна светлина од небото! Тој падна на земјата и слушна глас, како му се обраќа: „Савле, Савле! Зошто Ме прогонуваш?“ „Кој сте Вие, господине?“ - праша Савле. Господ му одговори: „Јас сум Исус, Кого ти Го прогонуваш! Стани и влези во градот; таму ќе ти биде кажано што треба да правиш!“ Луѓето што патуваа со него стоеја занемени, зашто слушнаа глас, а не видоа никого. Савле стана од земјата, ги отвори очите, но ништо не гледаше. Водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск. Три дена не можеше да гледа, и ниту јадеше, ниту пиеше.

Дела 9:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А Савле, кој сѐ уште дишеше со закана и убиство против Господовите ученици, отиде при првосвештеникот, и измоли од него писма до синагогите во Дамаск; ако најде таму некои следбеници на овој Пат, мажи и жени, да ги доведе врзани во Ерусалим. Кога на својот пат му се приближи на Дамаск, одненадеж го осветли светлина од небото; и падна на земјата и чу глас, кој му рече: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?“ А тој рече: „Кој си Ти, Господине?“ А Тој рече: „Јас Сум Исус, Кого ти Го гониш. Тешко е за тебе да се риташ против бодило!“ Тресејќи се од страв и ужас, тој праша: „Господи што сакаш да направам?“ А Господ му рече: „Стани и влези во градот, и ќе ти се каже, што треба да правиш!“ А мажите, кои го придружуваа, стоеја занемени, зашто го чуја гласот, а не видоа никого. И Савле стана од земјата; иако очите му беа отворени, не гледаше ништо. Тогаш го зедоа за рака и го воведоа во Дамаск. И беше слеп три дни: и не јадеше ниту пиеше.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност