Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 9:5-13

2 Самоилова 9:5-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш цар Давид испрати луѓе, та го зедоа од куќата на Махир, Амиеловиот син, од Ло-Девар. И Мемфивостеј, синот на Јонатан, кој беше пак Саулов син, дојде кај Давид, падна ничкум и му се поклони на царот. И рече Давид: „Мемфи­востеј!“ Тој одговори: „Еве, твој слуга сум јас.“ И Давид му рече: „Не плаши се; јас ќе ти направам милост заради татко ти Јонатан и ќе ти ги вратам сите ниви на дедо ти Саул, и ти секогаш ќе јадеш леб на мојата трпеза.“ Се поклони Мемфивостеј и рече: „Кој сум јас, твојот слуга, та погледна милостиво на мене мртов пес?“ А царот го повика Сива, Сауло­виот слуга, па му рече: „Сѐ што му припа­ѓаше на Саул и на целиот негов дом, му го давам на синот на твојот господар; обработувај ја, впрочем, за него земјата, ти, со твоите синови и твоите слуги и донесувај ги плодовите нејзини за да има синот на господарот твој леб за исхрана; а Мемфивостеј, синот на господарот твој, секогаш ќе јаде на мојата трпеза.“ Сива имаше петнаесет синови и дваесет слуги. Тогаш му рече Сива на царот: „Сѐ што му заповеда мојот господар на својот слуга, тој ќе го изврши.“ Мемфи­востеј јадеше на трпезата Давидова како еден од царските синови. Мемфивостеј имаше малолетен син по има Миха. Сите што живееја во ку­ќата на Сива, беа слуги на Мемфиво­стеј. А Мемфивостеј живееше во Еру­салим, бидејќи секогаш јадеше на цар­ската трпеза. Тој беше сакат во обете нозе свои.

2 Самоилова 9:5-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш царот Давид испрати по него во куќата на Махир, синот Амилов, од Ло Девар. Кога Мефивостеј, синот Јонатанов, синот Саулов, дојде кај Давида, падна ничкум и се поклони. А Давид рече: „Мефивостеју!“ Тој одговори: „Еве го твојот слуга!“ А Давид му рече: „Не бој се, зашто сакам да ти искажам милост заради твојот татко Јонатан. Ќе ти ги вратам сите ниви на твојот дедо Саул, а ти секогаш ќе јадеш леб на мојот стол.“ Мефивостеј се поклони и рече: „Што е твојот слуга та му искажуваш почит на пцовисан пес каков што сум јас?“ Потоа царот го повика Сива, Сауловиот слуга, и му рече: „Сѐ што им припаѓаше на Саула и на неговата куќа, сето тоа му го давам на синот на твојот господар. Ти, со своите синови и со своите слуги, ќе му ја обработуваш земјата, од неа ќе ја собираш жетвата за да има леб семејството на твојот господар; а Мефивостеј, синот на твојот господар, секогаш ќе јаде на мојот стол.“ А Сива имаше петнаесет синови и дваесет слуги. Сива му одговори на царот: „Твојот слуга ќе направи сѐ што мојот господар и цар му заповеда на својот слуга.“ И така, Мефивостеј јадеше покрај Давидовиот стол, како еден од царските синови. Мефивостеј имаше мал син по име Миха. А сите кои што живееја во Сивината куќа беа во служба на Мефивостеј. А Мефивостеј престојуваше во Ерусалим, зашто секогаш јадеше на царскиот стол. Беше хром на обете нозе.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност