Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 САМОИЛ 9

9
Е. Давидова милост кон Мефивостеј
1Еден ден Давид праша: „Има ли уште некој преживеан од Сауловата куќа, за да му направам милост заради Јонатана?“ 2А во Сауловата куќа беше слуга по име Сива: него го повикаа пред Давида, и царот го праша: „Ти ли си Сива?“ А тој одговори: „Јас сум, твојот слуга!“ 3А царот продолжи: „Зар нема веќе никој од Сауловата куќа, за да му искажам Божја милост?“ А Сива му одговори на царот: „Има уште Јонатанов син, кој е хром на двете нозе.“ 4Царот го праша: „Каде е тој?“ А Сива му одговори на царот: „Ене го во куќата на Махир, синот Амилов, во Ло Девар.“ 5Тогаш царот Давид испрати по него во куќата на Махир, синот Амилов, од Ло Девар. 6Кога Мефивостеј, синот Јонатанов, синот Саулов, дојде кај Давида, падна ничкум и се поклони. А Давид рече: „Мефивостеју!“ Тој одговори: „Еве го твојот слуга!“ 7А Давид му рече: „Не бој се, зашто сакам да ти искажам милост заради твојот татко Јонатан. Ќе ти ги вратам сите ниви на твојот дедо Саул, а ти секогаш ќе јадеш леб на мојот стол.“ 8Мефивостеј се поклони и рече: „Што е твојот слуга та му искажуваш почит на пцовисан пес каков што сум јас?“
9Потоа царот го повика Сива, Сауловиот слуга, и му рече: „Сѐ што им припаѓаше на Саула и на неговата куќа, сето тоа му го давам на синот на твојот господар. 10Ти, со своите синови и со своите слуги, ќе му ја обработуваш земјата, од неа ќе ја собираш жетвата за да има леб семејството на твојот господар; а Мефивостеј, синот на твојот господар, секогаш ќе јаде на мојот стол.“ А Сива имаше петнаесет синови и дваесет слуги. 11Сива му одговори на царот: „Твојот слуга ќе направи сѐ што мојот господар и цар му заповеда на својот слуга.“ И така, Мефивостеј јадеше покрај Давидовиот стол, како еден од царските синови. 12Мефивостеј имаше мал син по име Миха. А сите кои што живееја во Сивината куќа беа во служба на Мефивостеј. 13А Мефивостеј престојуваше во Ерусалим, зашто секогаш јадеше на царскиот стол. Беше хром на обете нозе.

Селектирано:

2 САМОИЛ 9: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се