Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 САМОИЛ 8

8
Ѓ. Давидови победи над Филистејци, над Моавци, над
Адад-Езер, над Арамејци и над Амонци
1Потоа Давид ги порази Филистејците и ги покори, та го одзеде Гат со неговите села од филистејските раце. 2Ги порази и Моавците и ги измери со јаже, откако ги полегна по земјата: измери две јажина од оние што треба да бидат погубени, а едно цело јаже од оние што треба да бидат оставени живи. Така Моавците станаа Давидови поданици, кои му донесуваа данок.
3Давид го порази и Адад-Езера, синот Реовов, совскиот цар, кога излезе да ја прошири својата власт до Реката. 4Давид зароби од него илјада и седум стотини коњаници и дваесет илјади пешаци; им ги исече жилите на сите коњи на бојните коли; остави само сто. 5Дамаските Сиријци му дојдоа на помош на Адад-Езер, совскиот цар, ама Давид истепа меѓу Сиријците дваесет и две илјади луѓе. 6Постави намесник во Дамаскиот Арам. Така Арамејците (Сиријците) станаа Давидови поданици и требаа да му плаќаат данок. Господ му даваше победа на Давида каде и да одеше. 7Давид ги заплени златните штитови што ги имаа Адад-Езеровите слуги, и ги донесе во Ерусалим. 8Од Ветах и од Виротај, Адад-Езерови градови, цар Давид донесе многу бронза.
9Кога ематскиот цар Тој, чу дека Давид ја порази сета Адад-Езерова војска, 10му го испрати својот син Јорам на Давида за да го поздрави и за да му честита зашто војуваше против Адад-Езер и зашто го порази, зашто Адад-Езер беше во војна со Тој; Јорам донесе сребрени, златни и бронзени предмети. 11И нив царот Давид Му ги посвети на Господа со среброто и златото што го беше зел од сите народи кои ги покори: 12од Сиријците, од Моавците, од Амонците, од Филистејците и од Амаликците, и од пленот на Адад-Езер, синот Реовов, царот на Сова. 13Давид придоби нова слава кога на враќање ги порази Едомците, во Солената Долина, нив осумнаесет илјади. 14И постави управители во Едом, и сите Едомци станаа Давидови поданици. И каде и да одеше Давид, Господ му даваше победа.
15Давид царуваше над сиот Израел правејќи му правда и праведност на сиот свој народ. 16Јоав, синот Серуин, заповедаше со војската, а Јосафат, синот Ахилудов, беше летописец. 17Садок, синот Ихитовов, и Ахимелех, синот Авијатаров, беа свештеници; Сераја беше писар; 18Венај, синот Јодаев, им заповедаше на Херетејците и Фелетејците; а Давидовите синови беа главни управители.

Селектирано:

2 САМОИЛ 8: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се