Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 САМОИЛ 7

7
Д. Желба на Давида да изгради Храм
1. Натаново одобрение
1Кога Давид се настани во својот дом и кога Господ му даде мир од сите негови непријатели наоколу, 2царот му рече на пророкот Натан: „Погледај! Еве, јас живеам во дом од кедровина, а Божјиот Ковчег стои под шатор.“ 3А Натан му одговори на царот: „Оди и прави сѐ што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.“
2. Божјо неодобрување
4Но во истата ноќ на Натана му дојде оваа Господово слово: 5“Оди и речи му на Мојот слуга Давид: ‘Господ зборува вака: „Зар ти ќе ми изградиш куќа, за да престојувам во неа? 6Никогаш не престојував во куќа откако ги изведов Израелевите синови од Египет па до денешниот ден, туку бев скитник под шатор и во Престојувалиштето. 7Додека одев со сите Израелеви синови, дали му реков еден збор на некој од израелевите судии, на кои им заповедав да бидат пастири на Мојот израелски народ, и дали кажав: ‘Зошто не ми изградите дом од кедрово дрво?’“‘ 8Затоа сега речи му го ова на Мојот слуга Давид: ‘Господ над Воинствата зборува вака: „Јас те доведов од стадото на овците, за да бидеш водач над Мојот израелски народ. 9Бев со тебе каде и да одеше, ги откорнав сите твои непријатели пред тебе. Јас ќе ти дадам големо име, како што е името на големците на земјата. 10Ќе му одредам место на Својот израелски народ, ќе го посадам, за да живее на свое место и да не скита веќе наоколу, ниту злосторниците да го мачат како порано, 11тогаш кога одредив судии над Својот израелски народ. Јас ќе му прибавам мир од сите негови непријатели. Господ ќе те направи голем, Господ ќе ти подигне дом. 12И кога ќе се исполнат твоите денови и кога ти ќе починеш при своите татковци, ќе издигнам твој потомок по тебе, кој ќе се роди од твоите бедра, и ќе го зацврстам неговото царство. 13Тој ќе му изгради дом на Моето име, а јас ќе го зацврстам неговиот престол засекогаш. 14Јас ќе му бидам татко, а тој ќе Ми биде син: ако направи беззаконие, ќе го казнам со човечка прачка и со ударци како што ги задаваат човечките синови. 15Но Својата наклоност нема да је одвратам од него, како што ја одвратив од Саула, кого го отстранив од пред тебе. 16Твојата куќа и твоето царство ќе траат довека пред Мене, твојот престол ќе стои цврсто засекогаш.“‘“ 17Натан му ги пренесе на Давида сите тие зборови и целото видение.
3. Давидова молитва
18Тогаш царот Давид влезе во шаторот и застана пред Господа и се помоли: „Кој сум јас, Господи Боже, и што е мојот дом та ме доведе дотука? 19Па и тоа е уште премало во Твоите очи, Господи Боже, та ѝ даваш Свои ветувања на куќата на Својот слуга за далечна иднина, и тоа е по законот човечки Господи Боже! 20Ама што би можел Давид уште да ти рече, кога Ти Самиот го познаваш Својот слуга, Господи Боже! 21Заради Својот збор и според Своето срце го направи сето ова големо дело, откривајќи ги сите овие величествености на слугата Твој да познае. 22Затоа велик си Господи Боже; нема таков каков што си Ти, и нема Бог освен Тебе, според сѐ што чувме со своите уши. 23Постои ли макар еден народ на земјата како Твојот израелски народ, заради кого Бог отиде да го избави за Свој народ, за да си прославиш така име со големи и страшни чуда, изгонувајќи ги кривобожечките племиња пред Својот народ, што го откупи од Египет? 24Така го закрепна израелскиот народ засекогаш, а Ти, Господи, му стана Бог. 25Затоа сега, Господи Боже, исполни го засекогаш ветувањето што им го даде на Својот слуга и на неговиот дом и направи како што си заветувал. 26Нека се велича Твоето име засекогаш и нека се зборува: ‘Господ над Војските е Израелев Бог’, а домот на Твојот слуга Давид нека стои цврсто пред Тебе. 27Зашто Ти, Господи над Воинствата, Израелев Боже, му го откри ова на Својот слуга: Јас ќе ти подигнам дом. Затоа Твојот слуга најде храброст за да Ти се помоли со оваа молитва. 28Навистина, Господи Боже, Ти си Бог, Твоите зборови се вистински и Ти му го даваш ова прекрасно ветување на Својот слуга. 29Благоволи сега да го благословиш домот на Својот слуга, за да остане довека пред Тебе. Зашто кога Ти, Господи Боже, ќе ветиш и ќе благословиш, куќата на Твојот слуга ќе биде благословена засекогаш.“

Селектирано:

2 САМОИЛ 7: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност