Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 САМОИЛ 6

6
Г. Пренесување на Ковчегот во Ерусалим
1. Почеток на пренесување на Ковчегот
1Еден ден Давид пак ги собра сите одбрани момчиња во Израел, триесет илјади луѓе. 2Потоа Давид и сета војска што беше со него тргнаа на пат во Јудина Вала за да го донесат оттаму Божјиот Ковчег, што го носи името на Господа на Силите, Кој живее над херувите. 3Божјиот Ковчег го положија на нова кола, откако го изнесоа од Авинадавовата куќа, што стоеше на ритчето. Уза и Ахио, Авинадавовите синови, ја придружуваа колата. 4Уза врвеше покрај Божјиот Ковчег, а Ахио одеше пред него. 5Давид и сиот Израелев дом играа пред Господа со сета сила, пеејќи наспоредно со звуците на гуслиња, псалтири, тапанчиња, свирки и кимвали.
2. Грев на Уза
6Кога дојдоа до Нахоновото Гумно, Уза посегна со раката по Божјиот Ковчег, за да го придржи, зашто воловите за малку не го превртија. 7Но Господ се разгневи на Уза: Бог го удри на место заради тој престап, така што умре таму, покрај Божјиот Ковчег. 8На Давида му беше жал зашто Господ го удри така Уза, и тој го нарече тоа место Фарес Уза (Пораз), како што се вика и до денешниот ден. 9Во тој ден Давид се уплаши од Господа и си рече во себеси: „Како би можел да дојде кај мене Господовиот Ковчег?“ 10Затоа Давид не сакаше да го премести Господовиот Ковчег кај себе, во Давидовиот Град, туку го смести во куќата на Овид-Едом од Гет. 11И Господовиот Ковчег остана во куќата на Овид-Едома гетеецот три месеци, и Господ го благослови Овид-Едома и сиот негов дом.
3. Ковчегот на Заветот во Ерусалим
12Кога му соопштија на царот дека Господ го благослови Овид-Едомовото семејство и сиот негов имот заради Божјиот Ковчег, Давид отиде и го пренесе Божјиот Ковчег од Овид-Едомовата куќа горе во Давидовиот Град со голема веселба. 13Туку што носачите на Божјиот Ковчег пречекорија шест чекори, Давид жртвува вол и згоен овен. 14Давид играше со сета сила пред Господа, а беше наметнат само со ленен наплеќник. 15Така Давид и сиот Израелев дом го носеа горе Господовиот Ковчег, воскликнувајќи со трубни звуци.
16А кога Господовиот Ковчег влегуваше во Давидовиот Град, Сауловата ќерка Михала, гледаше низ прозорецот и го виде царот Давид како скока и игра пред Господа, и таа го презре во своето срце. 17Тогаш го внесоа Господовиот Ковчег и го поставија сред шаторот што му го беше оптегнал Давид. Тогаш Давид принесе пред Господа паленици и помирителни жртви. 18Откако ги принесе палениците и помирителните приноси, Давид го благослови народот со името на Господа на Силите. 19Потоа им подели меѓу сиот народ, меѓу сето Израелево мноштво, на мажите и на жените, секому по еден леб, по едно парче месо и колач од суво грозје. Потоа сиот народ се разотиде, секој во својата куќа.
4. Грев на Михала
20Кога Давид се врати дома за да го благослови своето семејство, Сауловата ќерка Михала му излезе во пресрет на Давида и му рече: „Колку чесно се однесуваше денес Израелевиот цар кога се откри пред очите на слугинките на своите слуги како што се открива суетен човек!“ 21Но Давид ѝ одговори на Михала: „Јас играм пред Господа! Така ми живиот Господ, Кој ме избра место твојот татко и место сиот негов дом, за да ме постави за водач на Израел, на Господовиот народ: ќе играм пред Господа! 22И уште повеќе ќе се понижам. Ќе бидам незначителен во своите очи, ама пред слугинките за кои што зборуваш, пред нив ќе бидам во чест.“ 23А Михала, Сауловата ќерка, немаше пород до денот на својата смрт.

Селектирано:

2 САМОИЛ 6: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност