Тогаш цар Давид испрати луѓе, та го зедоа од куќата на Махир, Амиеловиот син, од Ло-Девар. И Мемфивостеј, синот на Јонатан, кој беше пак Саулов син, дојде кај Давид, падна ничкум и му се поклони на царот. И рече Давид: „Мемфивостеј!“ Тој одговори: „Еве, твој слуга сум јас.“ И Давид му рече: „Не плаши се; јас ќе ти направам милост заради татко ти Јонатан и ќе ти ги вратам сите ниви на дедо ти Саул, и ти секогаш ќе јадеш леб на мојата трпеза.“ Се поклони Мемфивостеј и рече: „Кој сум јас, твојот слуга, та погледна милостиво на мене мртов пес?“ А царот го повика Сива, Сауловиот слуга, па му рече: „Сѐ што му припаѓаше на Саул и на целиот негов дом, му го давам на синот на твојот господар; обработувај ја, впрочем, за него земјата, ти, со твоите синови и твоите слуги и донесувај ги плодовите нејзини за да има синот на господарот твој леб за исхрана; а Мемфивостеј, синот на господарот твој, секогаш ќе јаде на мојата трпеза.“ Сива имаше петнаесет синови и дваесет слуги. Тогаш му рече Сива на царот: „Сѐ што му заповеда мојот господар на својот слуга, тој ќе го изврши.“ Мемфивостеј јадеше на трпезата Давидова како еден од царските синови. Мемфивостеј имаше малолетен син по има Миха. Сите што живееја во куќата на Сива, беа слуги на Мемфивостеј. А Мемфивостеј живееше во Ерусалим, бидејќи секогаш јадеше на царската трпеза. Тој беше сакат во обете нозе свои.
Прочитај 2 Самоилова 9
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Самоилова 9:5-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа