Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 САМОИЛ 9:5-13

2 САМОИЛ 9:5-13 MKB

Тогаш царот Давид испрати по него во куќата на Махир, синот Амилов, од Ло Девар. Кога Мефивостеј, синот Јонатанов, синот Саулов, дојде кај Давида, падна ничкум и се поклони. А Давид рече: „Мефивостеју!“ Тој одговори: „Еве го твојот слуга!“ А Давид му рече: „Не бој се, зашто сакам да ти искажам милост заради твојот татко Јонатан. Ќе ти ги вратам сите ниви на твојот дедо Саул, а ти секогаш ќе јадеш леб на мојот стол.“ Мефивостеј се поклони и рече: „Што е твојот слуга та му искажуваш почит на пцовисан пес каков што сум јас?“ Потоа царот го повика Сива, Сауловиот слуга, и му рече: „Сѐ што им припаѓаше на Саула и на неговата куќа, сето тоа му го давам на синот на твојот господар. Ти, со своите синови и со своите слуги, ќе му ја обработуваш земјата, од неа ќе ја собираш жетвата за да има леб семејството на твојот господар; а Мефивостеј, синот на твојот господар, секогаш ќе јаде на мојот стол.“ А Сива имаше петнаесет синови и дваесет слуги. Сива му одговори на царот: „Твојот слуга ќе направи сѐ што мојот господар и цар му заповеда на својот слуга.“ И така, Мефивостеј јадеше покрај Давидовиот стол, како еден од царските синови. Мефивостеј имаше мал син по име Миха. А сите кои што живееја во Сивината куќа беа во служба на Мефивостеј. А Мефивостеј престојуваше во Ерусалим, зашто секогаш јадеше на царскиот стол. Беше хром на обете нозе.