Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 19:1-19

2 Царевите 19:1-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Кога го слушна тоа царот Езекија, ја раскина облеката своја, се покри со вреќиште и отиде во до­мот Господов. И ги испрати Елијаким, управ­никот на дворецот, писарот Севна и постарите свештеници, покриени со вреќишта, кај пророкот Исаија, синот на Амоц. Тие му рекоа: „Вака вели Езекија: Ова е ден за жалост, за казна и за срам; зашто дојде часот да се родат децата, но нема сила за раѓање. Можеби Господ, твојот Бог, ќе ги чуе сите зборови на аѓутантот, кого господарот негов, асирскиот цар, го испрати да Го навредува живиот Бог и да Го укорува со зборови, какви што чу Господ, твојот Бог. Затоа помоли се за другите, кои сѐ уште се живи.“ Откако пратениците на царот Езе­кија му ја пренесоа пораката на царот на Исаија, тој им рече: „Вака кажете му на вашиот господар: Така вели Господ: ‚Не плаши се од зборовите што ги слу­шна, и со кои Ме навредуваа слугите на асирскиот цар.‘ Ете, Јас ќе испратам во него дух, и тој ќе чуе вест, и ќе се врати во земјата своја, и Јас ќе го поразам со меч во неговата земја.“ Тогаш царскиот аѓутант слушна дека неговиот господар го напуштил Лакиш, па се врати и го најде како војува со Ливна. Потоа царот слушна и за етиопскиот цар Тирхака, за кого му рекоа: „Ете, тој излезе да се судри со тебе,“ и повторно испрати пратеници кај Езеки­ја да му кажат: „Вака кажете му на јудејскиот цар Езекија: ‚нека не те лаже твојот Бог, на Кого се надеваш, мислејќи дека Еру­салим нема да биде предаден во раката на асирскиот цар.‘ Зар не си чул што направија асир­ските цареви со сите земји, уништувај­ќи ги наполно, – та ти ли ќе се избавиш? Дали боговите ги спасија овие народи што ги сотреа моите предци? Го спасија ли Гозан, и Харан, и Рецеф и луѓето на Еден, кој е во Таласар? Каде е царот на Хамат, и царот на Арпад, и царот на градот Сефарваим, на Хена и на Ива?“ Тогаш Езекија го зеде писмото од рацете на пратениците, го прочита, оти­де во домот Господов, и го објави Езе­кија пред лицето Господово; и се молеше Езекија пред лицето Господово и велеше: „Господи, Боже Израелов, Кој седиш на херувими! Ти си единствен Бог на сите земни царства. Ти ги создаде небото и земјата. Наклони го, Господи, увото Свое и чуј ме; отвори ги, Господи, очите Свои и погледни, и чуј ги зборовите на Сена­хирим, кој испратил да Те навредуваат Тебе, живиот Бог! Навистина, о Господи, царевите асирски ги сотреа народите и земјите нивни, и ги нафрлаа боговите нивни во оган, но тоа не беа богови, туку изра­ботки на човечки раце, – дрво и камен, затоа и ги истребија. И сега, Господи, Боже наш, спаси нѐ од рацете негови, и сите земни царства ќе познаат дека Ти, Господи, си единствен Бог.“

2 Царевите 19:1-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Откако го чу тоа, царот Езекиј ја раскина својата облека, облече вреќиште и отиде во Господовиот Дом. Потоа ги испрати Елијаким, управителот на дворецот, писарот Сомна и свештеничките старешини, облечени во вреќишта, кај пророкот Исаија, синот Амосов. Тие му рекоа: „Езекија вели вака: ‘Ова е ден на неволја, казна и ругање. Децата стасаа до раѓање, а нема сила да се родот. Можеби Господ, твојот Бог, чу што рече големиот достоинственик кого асирискиот цар, неговиот господар, го испрати да го хули живиот Бог, и можеби Господ, твојот Бог, ќе ги казни зборовите што ги чул! Помоли се за Остатокот што уште остана.’“ Кога слугите на царот Езекија стигнаа кај Исаија, тој им рече: „Кажете му на својот господар: ‘Господ вели вака: „Не бој се од зборовите што ги чу кога Ме хулеа Мене слугите на асирискиот цар. Ќе вдахнам во него дух, и кога ќе чуе една вест, ќе се врати во својата земја. И ќе направам да загине од меч во својата земја.“‘“ Големиот достоинственик се врати и го најде асирискиот цар како ја опсадува Ливна, зашто беше чул дека царот си отиде од Лахис. Имено, ја чу веста за Тирак, етиопскиот цар: „Еве, излезе да се бори против тебе.“ Тогаш Сенахирим испрати пак пратеници за да му кажат на Езекија: “Речете му вака на јудејскиот цар Езекија: ‘Нека не те мами твојот Бог, во кого се надеваш, велејќи ти: „Ерусалим нема да падне во рацете на асирискиот цар!“ Ти знаеш што им направија асириските цареви на сите земји предавајќи ги на проклетство! А ти, ти ли ќе се спасиш? Дали боговите ги спасија народите што моите татковци ги уништија: Госанците, Харанците, Ресефците и Еденците во Тел Асар? Каде е ематскиот цар, арфадскиот цар, царот на Сефарваим, Ена и Ава?’“ Езекија го прими писмото од посланиковата рака и го прочита. Потоа влезе во Господовиот Дом и го одвитка пред Господа таму. И Му се помоли Езекија на Господа вака: „Господи, Израелев Боже, Кој седиш над херувимите, Ти си единствен Бог над сите земски царства, Ти ги создаде небото и земјата. Приклони го увото, Господи, и чуј, отвори ги очите, Господи, и види! Чуј ги Сенахиримовите зборови што ги испрати за да Го хули живиот Бог. Вистина е, о Господи, асириските цареви ги сотреа народите и нивните земји; им ги фрлија во оган боговите; зашто тоа не беа богови, туку дела на човечките раце, од дрво и од камен; затоа и ги уништија. Но сега, Господи, Боже наш, избави нѐ од нивните раце за да познаат сите царства на земјата дека Ти, Господи, си единствен Бог.“