2 Царевите 19
19
Езекија го прашува за совет пророкот Исаија
(Ис 37,1-7)
1 #
1 Мојс 37,34; 2 Сам 3,31; Ест 4,1 Кога го слушна тоа царот Езекија, ја раскина облеката своја, се покри со вреќиште и отиде во домот Господов. 2И ги испрати Елијаким, управникот на дворецот, писарот Севна и постарите свештеници, покриени со вреќишта, кај пророкот Исаија, синот на Амоц. 3#Ис 37,3; Ос 13,13Тие му рекоа: „Вака вели Езекија: Ова е ден за жалост, за казна и за срам; зашто дојде часот да се родат децата, но нема сила за раѓање. 4#19,22-23.31; 5 Мојс 5,23; Ис.Н. 14,12; 1 Сам 17,26; 17,36.45; 1 Цар 19,18; Ер 10,10; 23,36; Пс 69,9; 84,3; Мт 27,44; Дела 23,4Можеби Господ, твојот Бог, ќе ги чуе сите зборови на аѓутантот, кого господарот негов, асирскиот цар, го испрати да Го навредува живиот Бог и да Го укорува со зборови, какви што чу Господ, твојот Бог. Затоа помоли се за другите, кои сѐ уште се живи.“ 5Откако пратениците на царот Езекија му ја пренесоа пораката на царот на Исаија, 6тој им рече: „Вака кажете му на вашиот господар: Така вели Господ: ‚Не плаши се од зборовите што ги слушна, и со кои Ме навредуваа слугите на асирскиот цар.‘ 7Ете, Јас ќе испратам во него дух, и тој ќе чуе вест, и ќе се врати во земјата своја, и Јас ќе го поразам со меч во неговата земја.“
Сенахирим повторно се заканува
(2 Лет 32,17; Ис 37,8-13)
8Тогаш царскиот аѓутант слушна дека неговиот господар го напуштил Лакиш, па се врати и го најде како војува со Ливна. 9#2 Лет 32,16-20; Ис 37,9-20Потоа царот слушна и за етиопскиот цар Тирхака, за кого му рекоа: „Ете, тој излезе да се судри со тебе,“ и повторно испрати пратеници кај Езекија да му кажат: 10„Вака кажете му на јудејскиот цар Езекија: ‚нека не те лаже твојот Бог, на Кого се надеваш, мислејќи дека Ерусалим нема да биде предаден во раката на асирскиот цар.‘ 11Зар не си чул што направија асирските цареви со сите земји, уништувајќи ги наполно, – та ти ли ќе се избавиш? 12Дали боговите ги спасија овие народи што ги сотреа моите предци? Го спасија ли Гозан, и Харан, и Рецеф и луѓето на Еден, кој е во Таласар? 13Каде е царот на Хамат, и царот на Арпад, и царот на градот Сефарваим, на Хена и на Ива?“
Молитвата на Езекија
(Ис 37,14-20)
14Тогаш Езекија го зеде писмото од рацете на пратениците, го прочита, отиде во домот Господов, и го објави Езекија пред лицето Господово; 15#1 Мојс 1,1; 2,4; 2 Мојс 31,17; Ер 32,17; Пс 115,15; 2 Лет 2,11; Дела 4,24; 14,15и се молеше Езекија пред лицето Господово и велеше: „Господи, Боже Израелов, Кој седиш на херувими! Ти си единствен Бог на сите земни царства. Ти ги создаде небото и земјата. 16Наклони го, Господи, увото Свое и чуј ме; отвори ги, Господи, очите Свои и погледни, и чуј ги зборовите на Сенахирим, кој испратил да Те навредуваат Тебе, живиот Бог! 17Навистина, о Господи, царевите асирски ги сотреа народите и земјите нивни, 18#5 Мојс 4,28; 32,17; Ер 2,11; 16,20; Ос 8,6и ги нафрлаа боговите нивни во оган, но тоа не беа богови, туку изработки на човечки раце, – дрво и камен, затоа и ги истребија. 19И сега, Господи, Боже наш, спаси нѐ од рацете негови, и сите земни царства ќе познаат дека Ти, Господи, си единствен Бог.“
Исаија го пренесува одговорот од Господ
(Ис 37,21-35)
20 #
Ис 37,21-35
Тогаш Исаија, синот на Амоц, испрати да му кажат на Езекија: „Вака вели Господ, Бог Израелов: ‚го чув ова за кое ти Ми се молеше против асирскиот цар Сенахирим.‘ 21Еве го словото што Господ го изрече за него: Те презира, ти се потсмева девицата ќерка на Сион, зад твојот грб ќе ја заниша главата ќерката ерусалимска. 22Кого Го прекоруваше и навредуваше ти? И против Кого крена глас и толку високо ги крена очите? Против Светецот Израелов? 23#2 Сам 5,11; 1 Цар 5,20; Ис 14,8; Пс 20,7Преку твоите пратеници ти Го навредуваше Господа и велеше: – ‚со многу коли се качив на горските височини, по ридовите на Ливан, ги исеков високите кедри негови и прекрасните кипариси негови и стигнав до најоддалеченото негово пристаниште, до гасталакот на градината негова; 24ископав и пиев туѓа вода, и ги пресушив со стапалата на нозете свои сите египетски реки.‘ 25Зар не си чул дека Јас одамна сум го направил тоа, во древни времиња сум го преднацртал, а сега го исполнив преку тоа што ти опустошуваш утврдени градови, претворајќи ги во купишта урнатини? 26И жителите нивни изнемоштеа, треперат и се срамуваат. Тие станаа како полска трева и кревка билка, како трева по покривите, препламната пред да узрее. 27#Пс 139,2-3Кога седнуваш, кога излегуваш, или влегуваш, Јас сѐ знам; ја знам и дрскоста твоја против Мене. 28Твојот гнев против Мене и твојата дрскост достигна до Моите уши, па затоа ќе ја ставам алката Своја во твоите ноздри и уздата Своја во твојата уста, и ќе те вратам назад по истиот пат, по кој си дошол. 29И, еве ти знак: јадете го оваа година – самоникнатото, а во третата година сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги нивните плодови. 30И спасението во Јудиниот дом, пак ќе пушти корен одоздола и ќе даде плод озгора, 31#19,4зашто од Ерусалим ќе произлезе остатокот, и спасеното – од гората Сион. Ревноста на Господарот на небесните сили ќе го направи тоа. 32Затоа вака говори Господ за асирскиот цар: тој нема да влезе во овој град, нема да фрли во него стрела, нема да пристапи со штит кон него и нема да ископа опкоп околу него. 33По истиот пат, по кој дошол, ќе се врати, и нема да влезе во тој град, вели Господ. 34Јас ќе го пазам тој град за да го запазам за Себе и за Мојот слуга Давид.“
Заминување на Асирците, смртта на Сенахирим
(2 Лет 32,21-22; Ис 37,36-38)
35 #
1 Мојс 19,13; 2 Мојс 12,23; 2 Сам 24,16; Ис 37,36-38; 2 Лет 32,21 И ова се случи во таа ноќ: ангел Господов отиде и во асирскиот логор уби сто осумдесет и пет илјади војници. Изутрината кога преживеаните станаа, тие ги видоа мртвите тела. 36Тогаш царот на Асирија Сенахирим тргна, се врати во Ниневија и таму остана. 37И додека се поклонуваше во храмот на својот бог Нисрох, неговите синови Адрамелех и Шарецер го убија со меч и избегаа во земјата Арарат. На негово место се зацари неговиот син Есар-Хадон.
Селектирано:
2 Царевите 19: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006