Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 10:17-27

1 Самоилова 10:17-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И Самоил го свика народот кај Гос­под во Мицпа, и им рече на синовите Израелови: „Така говореше Господ, Бог Израелов: ‚Јас го изведов Израел од Египет и ве спасив од рацете на Египќаните, од рацете на сите царства што ве притискаа.‘ А вие сега Го отфрливте вашиот Бог, Кој ве спаси од сите ваши маки и неволји, и Му рековте: постави ни цар. И затоа застанете сега пред Господ, според вашите племиња и според своите родови!“ И заповеда Самоил да минуваат сите племиња Израелови, и со ждрепка беше посочено Венијаминовото племе. И му заповеда на Венијаминовото племе да минува според домовите нивни, и беше посочен Матриевиот род; и го доведоа Матриевиот род човек по човек, и беше посочен Саул, Кисовиот син; и го бараа, но не го најдоа. И пак Го запрашаа Господа: „Ќе дојде ли тој човек тука?“ И Господ одговори: „Ене го, тој се крие меѓу запрегата.“ Го најдоа таму и го извадија оттаму; тој застана среде народот: а од рамени­ците свои угоре беше повисок од сите. И Самоил му рече на сиот народ: „Гледате ли, кого го избра Господ? Ка­ко него нема меѓу сиот народ.“ Тогаш сиот народ извика и рече: „Да живее царот!“ И Самоил му ги изложи на народот правилата на царувањето, ги напиша во книга, и ја стави пред Господ. И го распушти сиот народ, секој во домот свој. Исто така и Саул си отиде дома, во Гива; а со него отиде и група луѓе, чии срца ги трогна Господ. А лошите луѓе рекоа: „Та тој ли ќе нѐ спаси?“ И го презреа и не му принесоа дарови.

1 Самоилова 10:17-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Потоа Самоил го свика народот пред Господа во Миспа и им рече на Израелевите синови: „Вака зборува Господ: ‘Јас го изведов Израел од Египет и ве избавив од египетските раце и од рацете на сите царства, кои ве угнетуваа.’ А вие го отфрливте денес својот Бог, Оној Кој ве избавуваше од сите ваши зла и од сите ваши неволји, и Му рековте: ‘Не, туку постави ни цар над нас!’ Затоа сега застанете пред Господа според своите племиња и родови.“ Потоа Самоил ги приведе сите Израелеви племиња, и жрепката падна на Венијаминовото племе. Потоа го приведе Венијаминовото племе по родовите, и жрепката падна на Матриевиот род; и кога го приведе Матриевиот род, човек по човек, жрепката падна на Саула, синот Кисов; но кога го побараа, не го најдоа. Тогаш го прашаа уште еднаш Господа: „Дали дојде тој човек тука?“ А Господ одговори: „Ене го, се скрил зад товарот.“ Стрчаа и го доведоа оттаму; а кога застана среде народот, беше со главата и со рамениците повисок од сите. Тогаш Самоил му рече на сиот народ: „Видовте ли кого го избра Господ? Не му има рамен во сиот народ.“ И сиот народ почна да воскликнува и да вика: „Да живее царот!“ Тогаш Самоил му го соопшти на народот царското право и го запиша во книжен свиток што го положи пред Господа. Најпосле Самоил го отпушти сиот народ, за да си оди секој во својата куќа. Саул исто така се врати дома во Гаваја, а со него тргнаа јунаците на кои Бог им ги допре срцата. Ама некои ништожници рекоа: „Како ќе нѐ спаси тој?“ И го презреа и не му донесоа никаков подарок. Тој се преправаше како да не го гледа тоа.