1 Самоилова 10
10
Самоил го посветува Саул за цар на Израел
1 #
26,19; 5 Мојс 4,20; 9,26.29; 2 Сам 14,16; 20,19; 21,3; 1 Цар 8,51.53; 2 Цар 9,1-3; 21,14 И зеде Самоил сад со масло, го излеа врз главата негова, го бакна и рече: „Еве, Господ те помаза за владетел на Своето наследство. 2#1 Мојс 35,19-20; 48,7И, кога ќе тргнеш сега од мене, ќе сретнеш два човека близу до Рахилиниот гроб, во Венијаминовите предели, во Целцах, и тие со радост ќе ти кажат: ‚Се најдоа магариците што одеше да ги бараш, и ете, татко ти, заборавајќи ги магариците, се обеспокои за вас, велејќи: Што стана со синот мој?‘ 3#1 Мојс 35,8Откако ќе отидеш понатаму и ќе дојдеш кај Таворскиот даб, и таму ќе те сретнат тројца луѓе, кои одат кај Бога во Ветил: едниот носи три јариња, другиот носи три леба, а третиот носи мев со вино. 4И тие ќе те поздрават и ќе ти ги дадат двата леба, и ти ќе ги земеш од рацете нивни. 5#2 Цар 3,15Потоа ќе дојдеш на Божјиот рид, каде што е филистејската стража; и кога ќе влезеш таму во градот, ќе сретнеш група пророци, кои слегуваат од ридот, и пред нив псалтир и тимпани, свирки и харфи, и ќе пророкуваат; 6#11,6; 19,23-24; 4 Мојс 11,25; Суд 3,10; 14,6.19и Духот Господов ќе слезе врз тебе, и ти ќе пророкуваш заедно со нив и ќе станеш друг човек. 7#1 Мојс 39,2; Ис.Н. 1,5; Суд 6,12Кога ќе ги препознаеш овие знаци, тогаш прави она што може раката твоја, зашто со тебе е Бог. 8#13,8Оди пред мене во Гилгал, каде што и јас ќе дојдам кај тебе за да принесам жртва сепаленица и жртви за благодарност. Седум дена чекај, додека да дојдам кај тебе, и тогаш ќе ти кажам што да правиш.“ 9#Соф 3,9И штом Саул се сврте за да си оди од Самоил, Бог му даде друго срце, и сите оние знаци се збиднаа во истиот ден. 10#19,20-24Кога дојде до ридот, ете, го пресретна групата пророци, и Духот Божји слезе врз него, и тој пророкуваше меѓу нив. 11#19,24; Мт; 13,54-56; Јн 7,15Сите што го познаваа до вчера и завчера, откако видоа дека тој пророкува со пророците, си велеа еден на друг: „Што се случило со Кисовиот син? Зар и Саул е меѓу пророците?“ 12И еден од оние што беа таму, одговори и рече: „Па кој е нивниот татко?“ Затоа излезе изрека: „Зар и Саул е меѓу пророците?“ 13И тој престана да пророкува и отиде на ридот. 14А Сауловиот чичко го праша него и слугата негов: „Каде одевте?“ Тој одговори: „Па ги баравме магариците, но, откако видовме дека ги нема, навративме кај Самоил.“ 15И Сауловиот чичко рече: „Раскажи ми што ви рече Самоил.“ 16И Саул му кажа на чичко си: „Тој ни јави дека магариците се најдени.“ А она што Самоил му го кажа за царувањето, не му го кажа.
Саул избран за цар со фрлање ждрепка
17И Самоил го свика народот кај Господ во Мицпа, 18#8,7-8; 12,6-8; 2 Мојс 20,2; Суд 6,8-9и им рече на синовите Израелови: „Така говореше Господ, Бог Израелов: ‚Јас го изведов Израел од Египет и ве спасив од рацете на Египќаните, од рацете на сите царства што ве притискаа.‘ 19А вие сега Го отфрливте вашиот Бог, Кој ве спаси од сите ваши маки и неволји, и Му рековте: постави ни цар. И затоа застанете сега пред Господ, според вашите племиња и според своите родови!“ 20#14,40-41; Ис.Н. 7,14; 7,16-18И заповеда Самоил да минуваат сите племиња Израелови, и со ждрепка беше посочено Венијаминовото племе. 21И му заповеда на Венијаминовото племе да минува според домовите нивни, и беше посочен Матриевиот род; и го доведоа Матриевиот род човек по човек, и беше посочен Саул, Кисовиот син; и го бараа, но не го најдоа. 22И пак Го запрашаа Господа: „Ќе дојде ли тој човек тука?“ И Господ одговори: „Ене го, тој се крие меѓу запрегата.“ 23Го најдоа таму и го извадија оттаму; тој застана среде народот: а од рамениците свои угоре беше повисок од сите. 24#1 Цар 1,25.39; 2 Цар 11,12И Самоил му рече на сиот народ: „Гледате ли, кого го избра Господ? Како него нема меѓу сиот народ.“ Тогаш сиот народ извика и рече: „Да живее царот!“ 25#8,11-18; 2 Мојс 24,7; 5 Мојс 17,14-20; Ис.Н. 24,26И Самоил му ги изложи на народот правилата на царувањето, ги напиша во книга, и ја стави пред Господ. И го распушти сиот народ, секој во домот свој. 26#14,52Исто така и Саул си отиде дома, во Гива; а со него отиде и група луѓе, чии срца ги трогна Господ. 27#11,12-13А лошите луѓе рекоа: „Та тој ли ќе нѐ спаси?“ И го презреа и не му принесоа дарови.
Селектирано:
1 Самоилова 10: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006