Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 9

9
Саул и изгубените магарици
1 # 14,51; 1 Лет; 9,36-39 Имаше еден виден човек од Вени­јаминовите синови, по име Кис, син на Авиел, син на Церор, син на Бе­хорат, син на Афијах, син на некојси Венијаминовец. 2#10,23Тој имаше син, по име Саул, млад и убав. Никој од Израелците не беше поубав од него, а и за глава тој беше повисок од сите луѓе. 3#Суд 10,4; 12,14И на Сауловиот татко Кис му се загубија магариците, па му рече Кис на синот свој Саул: „Земи со себе еден од слугите и стани, та оди и побарај ги магариците.“ 4И тој ја мина Ефремовата Гора, ја минаа и земјата Шалиша, но не ги најдоа; ја минаа и земјата Шаалим, и таму ги немаше; потоа ја минаа и Венијами­н­овата земја, но не ги најдоа. 5#10,2А кога дојдоа во земјата Цуф, Саул му рече на слугата свој што беше со него: „Да се вратиме, зашто татко ми нема веќе да се грижи за магарињата, туку повеќе ќе биде загрижен за нас.“ 6#2,27; 5 Мојс 33,1; Суд 13,6; 1 Цар 13,1Но слугата му рече: „Еве, во овој град има еден Божји човек. Тој е многу почитуван човек. Сѐ што ќе каже тој, се исполнува. Да отидеме сега таму; можеби, ќе ни го покаже нашиот пат, по кој да одиме.“ 7#4 Мојс 22,7; 1 Цар 14,3; 2 Цар 4,42; 5,15; Ез 13,19; Мих 3,11И му рече Саул на слугата свој: „Добро, да одиме, но што ќе му однесеме на тој човек? Зашто леб не остана во торбите наши, а и подароци нема за да му однесеме на Божјиот човек. Што имаме?“ 8Слугата, пак, му одговори на Саул и рече: „Ете, во раката моја има четврт шекел сребро. Ќе му го дадам на Божјиот човек, и тој ќе ни го покаже патот наш.“ 9#2 Сам 24,11; 1 Лет 26,28; Ис 30,10Порано кај Израелците, кога некој одел да Го праша Бога, велел вака: „Да одиме кај гледачот.“ Зашто тој, кого денес го нарекуваат пророк, порано се викал гледач. 10И му рече Саул на слугата свој: „Добро велиш, да одиме!“ И отидоа во градот, каде што беше човекот Божји. 11#1 Мојс 24,15; 2 Мојс 2,16Кога влегуваа во градот, сретнаа девојки, кои беа излегле да си наполнат вода, и ги запрашаа: „Има ли тука гледач?“ 12#5 Мојс 12,2; 1 Цар 3,4; 12,31Тие им одговорија и рекоа: „Има, ете, тој е пред вас; само побрзајте; тој денес дојде во градот, бидејќи народот денес принесува жртва на ридот. 13#3 Мојс 3,1Кога ќе дојдете во градот, ќе го затечете, пред да се искачи на ридон за да руча, зашто народот нема да почне да јаде, додека тој не дојде; бидејќи тој ќе ја благослови жртвата, и потоа поканетите ќе почнат да јадат; и така, одете, токму сега ќе го затечете.“
Саул го сретнува Самоил
14И отидоа во градот. А кога дојдоа среде град, ете, и Самоил им излегува во пресрет за да оди на ридот. 15А ден пред Сауловото доаѓање, Господ му откри на Самоил и рече: 16#Суд 13,5; 2 Сам 3,18„Утре во ова време ќе ти испратам еден човек од Венијаминовата земја, и ти помазај го за владетел на Мојот народ Израел. Тој ќе го спаси народот Мој од филистејските раце; зашто Јас погледнав милостиво на Мојот народ, бидејќи повикот негов стигна до Мене.“ 17#16,12Кога Самоил го виде Саул, Господ му рече: „Ете го човекот, за кого ти говорев. Тој ќе владее над Мојот народ.“ 18Саул се приближи до Самоил кај вратата и го запраша: „Кажи ми, каде е куќата на гледачот?“ 19Самоил му одговори на Саул и рече: „Јас сум гледачот, оди пред мене на ридон; и вие ќе ручате денес со мене; јас ќе те пуштам изутрина, и ќе ти кажам сѐ што имаш на срцето. 20А за магариците што се загубија пред три дена, не грижи се, тие се најдени. Та за кого е сѐ она што е нај­сакано во Израел? Нели е за тебе и за целиот дом на твојот татко?“ 21#18,18; 2 Мојс 3,11; 4,1; Суд 6,15; Ер 1,6Саул одговори и рече: „Не сум ли јас син од Венијаминовото племе, едно од најмалите Израелови племиња? И домот мој нели е најмал меѓу домовите од Венијаминовото племе? Тогаш, зош­то ми го говориш тоа?“ 22Самоил го зеде Саул и слугата негов, ги воведе во собата, и им даде прво место меѓу поканетите, кои беа триесетина души. 23И му рече Самоил на готвачот: „Донеси го оној дел што ти го бев дал и за кој ти бев рекол: ‚зачувај го кај себе.‘“ 24#3 Мојс 7,32-33; 4 Мојс 18,18И готвачот ја зеде плешката и сѐ што беше на неа, и го стави тоа пред Саул. И рече Самоил: „Ете, тоа е принесено, стави го пред себе и јади, биде­јќи тоа е зачувано заради тебе кога го свикав народот.“ И тој ден Саул ручаше со Самоил. 25Потоа тие слегоа од ридот во градот, и Самоил разговараше со Саул на покривот. 26Утрината тие станаа токму кога зазори зората. Самоил го повика Саул на покривот и рече: „Стани, јас ќе те испратам.“ Саул стана, и обајцата, тој и Самоил, излегоа од куќата. 27Кога наближуваа кон крајот на градот, Самоил му рече на Саул: „Кажи му на слугата да оди пред нас,“ – и тој отиде напред, – „А ти сега застани, и јас ќе ти откријам што рече Бог.“

Селектирано:

1 Самоилова 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се