1 Летописи 7:1-5
1 Летописи 7:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Синови Исахарови беа: Тола, Пуа, Јашув и Шиврон, четворица. Синови Толови: Озиј, Рефаја, Јериел, Јахмај, Јивсам и Самоил, началници на домовите во Толовите поколенија, мажи воинствени во своите родови; нивниот број во времето на Давид беше дваесет и две илјади и шестотини. Озиев син: Јизрахија; а Јизрахиеви синови: Михаил, Авдија, Јоил и Јишија – петмина. Сите тие беа началници. Тие имаа, според родовите свои и поколенијата свои, триесет и шест илјади војска подготвена за борба, зашто имаа многу жени и синови. А браќата нивни во сите поколенија Исахарови беа до осумдесет и седум илјади, мажи борбени, запишани во родословните списоци.
1 Летописи 7:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Исахарови синови беа: Тола и Фуја, Јасув и Симрон, нив четворица. Толини синови: Озиј, Рефај, Ерил, Јамај, Евсам и Самоил, главатари на татковскиот дом на Тола, храбри јунаци подредени според сродство; во Давидово време ги имаше на број дваесет и две илјади и шест стотини. Озиеви синови: Израј, Израеви синови: Михаил, Овадиј, Јоил и Есиј, вкупно пет поглавари. Со нив според сродните семејства беа во воени чети за војна триесет и шест илјади луѓе, зашто имаа многу жени и синови. Нивните браќа, по сите Исахарови родови, храбри јунаци, беа вкупно осумдесет и седум илјади, и сите беа запишани во племенските родословници.