Исахарови синови беа: Тола и Фуја, Јасув и Симрон, нив четворица. Толини синови: Озиј, Рефај, Ерил, Јамај, Евсам и Самоил, главатари на татковскиот дом на Тола, храбри јунаци подредени според сродство; во Давидово време ги имаше на број дваесет и две илјади и шест стотини. Озиеви синови: Израј, Израеви синови: Михаил, Овадиј, Јоил и Есиј, вкупно пет поглавари. Со нив според сродните семејства беа во воени чети за војна триесет и шест илјади луѓе, зашто имаа многу жени и синови. Нивните браќа, по сите Исахарови родови, храбри јунаци, беа вкупно осумдесет и седум илјади, и сите беа запишани во племенските родословници.
Прочитај 1 ЛЕТОПИСИ 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 ЛЕТОПИСИ 7:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа