1 ЛЕТОПИСИ 7
7
Ѕ. Исахарово потомство
1Исахарови синови беа: Тола и Фуја, Јасув и Симрон, нив четворица. 2Толини синови: Озиј, Рефај, Ерил, Јамај, Евсам и Самоил, главатари на татковскиот дом на Тола, храбри јунаци подредени според сродство; во Давидово време ги имаше на број дваесет и две илјади и шест стотини. 3Озиеви синови: Израј, Израеви синови: Михаил, Овадиј, Јоил и Есиј, вкупно пет поглавари. 4Со нив според сродните семејства беа во воени чети за војна триесет и шест илјади луѓе, зашто имаа многу жени и синови. 5Нивните браќа, по сите Исахарови родови, храбри јунаци, беа вкупно осумдесет и седум илјади, и сите беа запишани во племенските родословници.
И. Венијаминово потомство
6Венијаминови синови: Вела, Вехер и Едијаил, тројца. 7Велини синови: Есвон, Озиј, Озил, Еримот и Ириј, пет семејни главатари, храбри јунаци; во племенскиот попис беа запишани дваесет и две илјади и триесет и четири. 8Вехерови синови: Земир, Јоас, Елиезер, Елијоенај, Амриј, Еримот, Авиј, Анатот и Аламер, сите Вехерови синови. 9Во племенскиот попис по колена, по семејни главатари, храбри јунаци, беа запишани дваесет илјади и двеста. 10Едијаилови синови: Валан, Валанови синови: Јеус, Венијамин, Ехуд, Ханан, Зитан, Тарсис и Ахисар. 11Сите Едијаилови синови по семејните главатари, храбри јунаци, беа седумдесет и две илјади и двеста, сѐ способни за војна. 12Суфеј и Упеј. Синови Ирови: Усеј; негов син Ахир.
Ј. Нефталимово потомство
13Нефталимови синови: Јасил, Гунуј, Есер и Салум, Валини синови.
К. Манасиево потомство
14Манасиеви синови: Азрил, кого го роди Манасиевата соложница Арамејка; таа го роди и Махир, таткото Галадов. 15Махир се ожени од Уфеј и од Суфеј, сестра им се викаше Мака; името на другиот му беше Салпад, а Салпад имаше ќерки. 16Махировата жена Мака роди син, кому му го даде името Фарес. На брат му му го даде името Серес, а негови синови беа Улам и Ракем. 17Уламов син: Ведан. Тоа се синовите на Галад, синот Махиров, синот Манасиев. 18Неговата сестра Амолекета ги роди: Исуд, Авиезер и Мала. 19Семидини синови беа: Ахијан, Сихем, Лихиј и Анијам.
Л. Ефремово потомство
20Ефремови синови: Сутал, неговиот син Веред, негов син Тахат, негов син Елеад, негов син Тахат, 21негов син Завад, негов син Сутал, Есер и Елеад. Нив ги убија галадските граѓани, родени во земјата, зашто слегоа да им го одземат добитокот. 22Затоа нивниот татко Ефрем тажеше долго време, а браќа му одеа да го утешуваат. 23Тогаш влезе при својата жена, и таа забремени и роди син, а тој му даде име Верија, зашто несреќата се случи во неговата куќа. 24Ќерка му беше Сера, која ги изгради Долниот и Горниот Вет Орон и Узен-Сера. 25Син му беше Рефа, и Ресеф, неговиот син Тела, негов син Тахан, 26негов син Ладан, негов син Амијуд, негов син Елисам, 27негов син Нон, негов син Исус. 28Нивен имот и нивните населби беа: Ветил и неговите села, кон исток Наран, кон запад Гезер и неговите села до Газа со нејзините села. 29Во рацете на Манасиевите синови беа Вет-Сан со своите села, Танах со своите села, Мегидон со своите села, Дор со своите села. Во нив живееја синовите на Израеловиот син Јосиф.
Љ. Асирово потомство
30Асирови синови беа: Емна, Есва, Есвај и Верија, и нивната сестра Сера. 31Вериини синови: Евер и Малхил, тој беше Верзавитов татко. 32Евер им стана татко на Јафлит, Сомир, Хотам и на нивната сестра Суја. 33Јафлитови синови беа: Фасах, Вимал и Асват; тоа беа Јафлитови синови. 34А синови на неговиот брат Сомир: Рога, Јехув и Арам. 35Синови на неговиот брат Елем: Софа, Емна, Селис и Амал. 36Софини синови: Суја, Арнефер, Согал, Вериј, Емра, 37Восор, Од, Сама, Силиса, Итран и Веира. 38Етерови синови: Ефониј, Фиспа и Ара. 39Улини синови: Арах, Анил и Рисија. 40Сите овие беа Асирови синови, семејни главатари, одбрани храбри јунаци, поглавари меѓу кнезовите; кога беа запишани, беа дваесет и шест илјади во воени чети.
Селектирано:
1 ЛЕТОПИСИ 7: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.