1 ЛЕТОПИСИ 8
8
М. Венијаминово потомство
1На Венијамина му се роди првенецот Вела, вториот Асвил, третиот Ара, 2четвртиот Ное и петтиот Рафа. Велини синови беа: Адар, Гира, Авијудов татко, 4Ависуј, Наман, Ахој, 5Гира, Сефуван и Урам. 6Тие беа Ехудови синови и им беа семејни главатари на оние кои живееја во Гаваја, откаде ги одведоа во ропство во Манахат; 7Наман, Ахиј и Гира; тој ги водеше во ропство, а му се родија Уза и Ахијуд. 8Сараим, откако ги остави жените Усима и Вара, доби синови во Моавското Поле: 9со својата жена Одеса ги имаше синовите: Јовав, Сивиј, Миса, Малхам, 10Јеус, Сахиј и Мирма; тоа беа неговите синови, семејни главатари. 11Со Усима му се родија Авитов и Елфал. 12Елфалови синови беа: Евер, Мисам и Самед; тој ги изгради Онон и Лод со нивните села. 13Потоа Вериј и Сем. Тие им беа семејни главатари на оние кои живееја во Еалон и кои ги истераа гатските жители. 14Ахио, Сасак, Јеремот, 15Зевадиј, Арад, Адер, 16Михаил, Еспа и Јоха беа Вериини синови. 17Зевадиј, Месулам, Езекиј, Евер, 18Исмерај, Езлиј и Јовав беа Елфалови синови. 19Јаким, Зихриј, Завдиј, 20Елинај, Зилтај, Елил, 21Адај, Вераја и Симрат беа Семиеви синови. 22Авдон, Зихриј, Анан, 24Ананиј, Елам, Антотиј, 25Ефедиј, Фануил беа Сасакови синови. 26Самсерај, Сеариј, Готолиј, 27Јаресиј, Илија и Зихриј беа Јеровоамови синови. 28Тоа беа главатарите на семејствата подредени по колена. Живееја во Ерусалим.
29Во Гаваон живееја: прататкото Гаваон, чија жена се викаше Мака. 30Негов син првенец беше Авдон, па Сур, Ис, Вал, Надав, 31Гедор, Ахиј, Зехер, 32и Миклот, кому му се роди Симеј; па и тие живееја кај своите браќа во Ерусалим, заедно со своите браќа. 33На Нир му се роди Кис, а на Киса му се роди Саул, на Саула му се родија: Јонатан, Малки-Суа, Авинадав и Есвал. 34Јонатанов син беше Мери-Вал; на Мери-Вала му се роди Миха. 35Михини синови беа: Фитон, Мелех, Тареј и Ахаз. 36На Ахаза му се роди Јоад; на Јоада му се родија Алемет, Азмавет и Зимриј; на Зимрија му се роди Моса. 37На Моса му се роди Винеј, чиј син беше Рафа, а негов син Елеас, негов син Асил. 38Асил имаше шест синови, на кои имињата им се: Азрикам, неговиот првенец, Вохеру, Исмаил, Сеариј, Овадиј и Анан; сите тие беа Асилови синови. 39Синови на неговиот брат Исек беа: Улам, неговиот првенец, вториот Еус, третиот Елифелет. 40Уламовите синови беа храбри јунаци, кои оптегнуваа лак и имаа многу синови и внуци, сто и педесет. Сите тие беа од Венијаминовите синови.
Селектирано:
1 ЛЕТОПИСИ 8: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.