Синови Исахарови беа: Тола, Пуа, Јашув и Шиврон, четворица. Синови Толови: Озиј, Рефаја, Јериел, Јахмај, Јивсам и Самоил, началници на домовите во Толовите поколенија, мажи воинствени во своите родови; нивниот број во времето на Давид беше дваесет и две илјади и шестотини. Озиев син: Јизрахија; а Јизрахиеви синови: Михаил, Авдија, Јоил и Јишија – петмина. Сите тие беа началници. Тие имаа, според родовите свои и поколенијата свои, триесет и шест илјади војска подготвена за борба, зашто имаа многу жени и синови. А браќата нивни во сите поколенија Исахарови беа до осумдесет и седум илјади, мажи борбени, запишани во родословните списоци.
Прочитај 1 Летописи 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Летописи 7:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа