Псалми 33
33
ПСАЛМ 33
Прославување на Божјата помош, правдина и добрина
1Псалм на Давид кога го промени својот лик пред Авимелех, кој го отпушти и замина.
2 #
15,7; 144,1 Ќе Го благословувам Господа во секое време;
пофалбата за Него е секогаш во устата моја.
3Во Господа ќе се фали душата моја!
Нека слушнат кротките и нека се зарадуваат.
4Величајте Го Господа со мене
и заедно да го вознесуваме името Негово.
5Го побарав Господа, и Тој ме чу
и од сите мои неволи ме избави.
6Пријдете кон Него и просветлете се
и лицата ваши нема да се посрамат.
7Ете, бедникот повика и Господ го слушна
и го спаси од сите неволи негови.
8 #
34,5-6; 1 Мојс 32,1-2; 2 Мојс 14,19; 22,20; Ис.Н. 5,13-15 Ангел Господов ќе се улогори околу оние што се бојат од Него,
и ќе ги избави.
9 #
1 Птр 2,3
Вкусете и видете дека Господ е добар!
Блажен е човекот што се надева на Него!
10 #
22,1
Бојте се од Господа сите светии Негови,
зашто ништо нема да им недостига на оние што се бојат од Него.
11Богатите осиромашија и огладнеа,
а оние што Го бараат Господа,
нема да бидат лишени од секакво добро.
12 #
Изреки 1,8; 2,1; 3,1; 4,1; 6,1 Дојдете, чеда, послушајте ме:
на стравот Господов ќе ве научам.
13Кој е човекот што сака живот,
што милува да види денови добри?
14Воздржувај си го јазикот од зло
и устата твоја да не говори лаги.
15 #
36,27
Клони се од зло и прави добро;
барај мир и врви по него.
16 #
32,18
Очите Господови се кон праведните
и ушите Негови – кон молитвите нивни.
17А лицето Господово е против оние што вршат зло;
за да го истреби од земјата споменот за нив.
18Повикаа праведните и Господ ги слушна
и ги избави од сите неволи нивни.
19 #
50,18; Мт 11,29-30 Блиску е Господ до оние со скрушено срце
и смирените по дух ќе ги спаси.
20Бројни се маките на праведните,
но од сите нив Господ ќе ги избави.
21Господ ги чува сите коски нивни;
ниедна од нив нема да се скрши.
22 #
24,22
Лоша е смртта на грешните;
а оние што го мразат праведниот, ќе се огрешат.
23Господ ќе ги избави душите на слугите Свои
и нема да згрешат сите што на Него се надеваат.
Селектирано:
Псалми 33: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapi.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024