Псалми 34
34
ПСАЛМ 34
Молитва за спасение од пакосни непријатели
1На Давид.
Суди ги, Господи, оние што неправедно постапуваат со мене,
војувај против тие што војуваат против мене.
2Земи оружје и штит,
издигни се и дојди ми на помош;
3извади го мечот и спречи ги оние што ме гонат;
кажи ѝ на душата моја: „Јас сум твое спасение!“
4 #
30,17; 39,14; 70,13; Ер 17,18 Нека бидат посрамени и презрени
оние што ја бараат душата моја;
нека отстапат и нека се засрамат
оние што ми мислат зло;
5 #
1,4; 82,13; Ис 29,5; 40,14; Јов 21,18; 33,7; 1 Мојс 32,1-2; 2 Мојс 14,19; 22,20; Ис.Н. 5,13-15 нека станат како прав пред лицето на ветрот
и ангел Господов да ги потишти,
6 #
72,18; Ер 23,12 нивниот пат нека биде темен и лизгав
и ангел Господов да ги прогонува,
7 #
7,15; 9,15 зашто попусто ја сокрија погубноста на својата замка за мене,
напразно ја прекоруваат мојата душа.
8 #
139,5; Ис 47,11 Нека го улови стапица што не ја знае,
и мрежата што ја сокрил нека го фати
и во истата стапица да падне.
9А душата моја ќе се радува во Господа,
ќе се весели во спасението Негово.
10 #
70,19; 76,13 Сите мои коски ќе речат:
„Господи, кој е сличен на Тебе,
Кој го спасуваш бедниот од раката што е посилна од него
и бедниот и сиромавиот од ограбувачите нивни?“
11 #
26,12; Мт 26,59-60 Против мене се кренаа неправедни сведоци;
и ме прашуваа за нешта што не ги знам;
12 #
37,20; 108,5 ми враќаа зло за добро
и јаловост за мојата душа.
13А кога тие ме задеваа,
јас се облекував во кострет,
со пост си ја смирував душата моја
и молитвата се враќаше во градите мои.
14 #
37,6
Како на ближен, како на сопствен брат,
така угодував;
како нажален и со поглед тажен,
така се смирував.
15Но тие се зарадуваа и се собраа против мене,
удари надојдоа врз мене, а не знаев зошто,
се растргнаа, но не ги пронижи тага.
16Ме искушуваа, подбивајќи се ме исмеваа,
со забите свои крцкаа против мене.
17 #
16,12; 21,20-21 Господи, кога ќе погледнеш?
Оттргни ја душата моја од нивната лошотија,
мојата единствена – од лавовите.
18 #
21,25
Господи, среде големото собрание
Тебе ќе Ти се исповедам,
меѓу жесток народ ќе Те фалам;
19 #
37,16; 68,4; Јн 15,25 не допуштај да ликуваат над мене
оние што неправедно непријателствуваат против мене,
што непотребно ме мразат
и намигнуваат со очите.
20 #
119,6-7
Зашто мене ми говореа за мир,
а во својот гнев смислуваа лукавства
21и ширум отворајќи ја својата уста против мене, велеа:
„Добро е! Добро е! Нашите очи видоа!“
22 #
37,21
Ти виде, Господи, немој да премолчиш;
Господи, не отстапувај од мене!
23 #
7,6; 43,23 Стани, Господи, и погледни на мојот суд,
Боже мој и Господи мој, погледни на мојот спор!
24Суди ме, Господи, според Твојата праведност,
Господи, Боже мој, не допуштај да ликуваат над мене;
25 #
39,13-16; 69,2-3; Ез 25,3; 25,2 да не речат во срцата свои:
„Добро е, добро ѝ е на душата наша!“
и да не кажат: „Го проголтавме“.
26Нека бидат посрамени и исмеани
сите што се радуваат на мојата несреќа;
да бидат облечени во срам и потсмев
оние што се гордеат над мене.
27 #
39,16
Нека се зарадуваат и нека се развеселат
оние што ја посакуваат мојата праведност
и непрестајно нека велат:
„Нека се возвеличува Господ“;
оние што му посакуваат мир на Твојот слуга!
28 #
70,24
И јазикот мој по цел ден ќе се поучува за праведноста Твоја
и за пофалбата Твоја.
Селектирано:
Псалми 34: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapi.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024