Псалми 32
32
ПСАЛМ 32
Похвална песна за сесилниот Бог
1 #
31,11; 91,1; 146,1 Псалм на Давид.
Радувајте се, праведни, во Господа,
на чесните им прилега да славословат.
2 #
91,3; 143,9 Славете Го Господа со лира,
пејте Му на харфа со десет жици,
3 #
95,1; 97,1; 143,9; 26,6; 1 Цар 16,16.18; Ис 23,16 пејте Му песна нова;
воспевајте Го убаво и со восклик.
4 #
88,14; 5 Мојс 32,4 Зашто право е словото Господово
и сите дела Негови се веродостојни.
5 #
88,14; 118,64 Тој сака милост и суд;
со милоста Господова е исполнета земјата.
6 #
1 Мојс 1; 2,1; Јн 1,1; Евр 11,3 Преку словото Господово беа основани небесата
и преку Духот на устата Негова – сите сили нивни.
7 #
77,13; 1 Мојс 1,9-10; 2 Мојс 15,8; Јов 38,8-11; 38,21.36 Тој ги собира како во мев водите морски;
бездните ги сместува во сокровишта.
8 #
66,7; 101,15 Нека се бои од Господа сета земја
и нека треперат од Него сите жители на светот,
9 #
148,5; 1 Мојс 1,3.6; Ис 48,13 зашто Тој рече и тие настанаа;
Тој заповеда и се создадоа.
10 #
2,1-2; Ис 8,10 Господ ги руши плановите на незнабошците,
ги отфрла намерите на народите
и ги отфрла плановите на кнезовите.
11 #
Ис 40,8; 45,9; Изреки 19,21 А планот Господов останува довека,
намерите на срцето Негово – од поколение во поколение.
12 #
143,15; 2 Мојс 19,6; 5 Мојс 7,6 Блажен е народот, кому Господ му е Бог,
и луѓето што Тој ги избрал за Свое наследство.
13 #
13,2; Ер 16,17; Јов 34,21 Господ погледна од небото,
ги виде сите синови човечки;
14од местото што го приготвил за Свое живеалиште,
погледна врз сите што живеат на земјата.
15 #
93,9-11; 138,1-16; 1 Мојс 2,7.8; Зах 12,1 Тој што поединечно ги вообличи срцата нивни,
Кому сите нивни дела Му се јасни.
16 #
19,7; 1 Цар 14,6; 17,47; Амос 2,14-16; Јудита 9,7 Не го спасува царот голема војска;
ниту џинот ќе го спаси неговата голема сила.
17Привид е дека коњот избавува,
со својата голема сила тој не може да спаси.
18 #
31,8; 33,15 Но, ете, очите Господови се врз оние што се бојат од Него,
врз оние што се надеваат на милоста Негова,
19душите им ги избавува од смрт
и ги храни во време на глад.
20 #
113,17-19
Душата наша Го чека Господа
зашто Тој е наш помошник и заштитник,
21зашто во Него ќе се весели срцето наше
и во Неговото свето име се надевавме.
22 #
89,17
Милоста Твоја, Господи, нека биде над нас,
онака како што се надевавме на Тебе.
Селектирано:
Псалми 32: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapi.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024