Псалми 31
31
ПСАЛМ 31
Блаженство поради простените гревови
1 #
24,18; Јн 1,47; Рим 4,6-8 Псалм на Давид. За разбирањето.
Блажени се оние, чии беззаконија се простени
и чии гревови се покриени!
2Блажен е оној човек, кому Господ не му го зема предвид гревот
и во чија уста нема измама!
3 #
30,10
Коските ми остареа од воздивнување по цел ден,
бидејќи одмолчев,
4зашто Твојата рака и дење и ноќе тежеше врз мене,
се јадосував кога трнот ме жегнуваше.
5 #
50,4; 2 Цар 12,13; Јов 31,33; 1 Јн 1,9.10 Гревот свој го познав
и беззаконието мое не го сокрив,
па реков: „Ќе Му го исповедам своето беззаконие на Господа“,
и Ти го прости безбожништвото на гревот мој.
6Затоа секој светија благовремено ќе Ти се моли,
та дури и многуте води на потопот нема да се приближат до него.
7Ти си мое прибежиште од маката што ме опкружува;
Ти, радост моја, избави ме од тие што ме опколија.
8 #
32,18
„Ќе те вразумам и ќе те водам по овој пат по кој ќе чекориш;
Моите очи ќе бдеат над тебе“.
9„Не бидете како коњ или како маска, кои немаат разум,
нивните челусти со узда и оглавник се стегаат за да пријдат кон тебе“.
10Многу се маките на грешникот,
но оној што се надева на Господа, од милост ќе биде опкружен.
11 #
32,1
Веселете се во Господа и радувајте се, праведни,
и фалете се сите што сте чесни по срце.
Селектирано:
Псалми 31: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024