Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 30

30
ПСАЛМ 30
Молитва за помош во немирни времиња
1За крајот: псалм на Давид, во време на бунило.
2 # 17,2; 70,1-3 На Тебе, Господи, се надевав,
да не се посрамам довека;
избави ме и спаси ме во Твојата праведност.
3Приклони го увото Твое кон мене,
побрзај да ме избавиш.
Биди ми Бог заштитник
и сокровиште што ќе ме спаси.
4 # 17,2; 22,3; 24,11; 78,9; 105,8; 108,21; 142,11; Ис 48,9; Ер 14,7.21; Ез 20,9.14; 20,21.43 Зашто Ти си моја сила и мое прибежиште,
заради името Твое ќе ме водиш и ќе ме укрепуваш.
5 # 24,15; 141,7 Ќе ме избавиш од стапицата што по­тајно ми ја поставија,
зашто Ти си заштитник мој.
6 # Лк 23,46; Дела 7,59; 1 Птр 4,19 Во рацете Твои ќе го предадам духот свој;
Ти си ме искупил, Господи, Боже на вистината.
7 # 4,2; 5 Мојс 32,21; Ер 8,19; 10,8 Си ги намразил оние што напразно внимаваат на безначајни нешта,
но јас се надевав на Господа.
8Ќе се радувам и ќе ѝ се веселам на милоста Твоја,
зашто Ти погледна на моето смирение
и ја спаси од неволи душата моја;
9 # 17,19; 117,5 не ме предаде во непријателските раце,
нозете мои ги постави на чистина.
10 # 6,7 Помилуј ме, Господи, зашто страдам:
во јароста се возмути окото мое,
како и душата и утробата моја.
11Зашто во тага измина животот мој
и годините мои во воздишки;
во беда се изгуби силата моја
и коските мои се потресоа.
12 # 37,11; Јов 19,13-19 Станав за потсмев на сите непријатели мои, дури и за соседите мои,
и страв за оние што ме знаат;
оние што надвор ќе ме видат, бегаат од мене.
13Заборавен сум во срцата како мртовец,
станав како сад искршен
14 # 40,5; Ер 6,25; 19,9 бидејќи слушнав обвинување од мнозина што живеат околу мене;
кога се собираа заедно против мене
и се договараа да ми ја земат душата.
15 # 21,10; 62,1 Јас, пак, на Тебе, Господи, се надевав
и реков: „Ти си мој Бог“.
16Во рацете Твои се времињата мои;
избави ме од раката на непријателите мои
и од тие што ме гонат.
17 # 4,6; 66,1; 79,3.7.19; 118,135; 4 Мојс 6,25 Објави му го лицето Твое на слугата Твој;
спаси ме во милоста Своја.
18Господи, да не се посрамам, зашто кон Тебе повикав;
безбожните нека се посрамат и нека слезат во адот.
19Нека онемат лажливите усти што говорат за праведникот неправедно,
со горделивост и со презир.
20Колку е изобилно мноштвото на добрината Твоја, Господи,
што си ја притаил за оние што се бојат од Тебе
и што си ја приготвил за оние што се надеваат на Тебе пред очите на синовите чо­веч­ки!
21 # 26,5; 108,3; Јов 5,21; Откр 7,15-16 Ќе ги скриеш во таинственоста на Своето лице од човечките немири,
во шатор ќе ги засолниш од противничките јазици.
22Благословен е Господ,
зашто ја пројави Својата чудесна милост во опколениот град!
23 # Јона 2,5 Во своето бунило си реков: отстранет сум од пред очите Твои;
но, сепак, Ти го слушна гласот на молитвата моја, кога повикав кон Тебе.
24 # 36,34-35 Љубете Го Господа сите светии Не­гови,
зашто Господ бара вистина,
а им отплатува на оние што премногу горделиво постапуваат.
25 # 36,34-35 Бидете храбри и нека крепне срцето ваше,
сите што се надевате на Господа!

Селектирано:

Псалми 30: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се