Зашто во тага измина животот мој
и годините мои во воздишки;
во беда се изгуби силата моја
и коските мои се потресоа.
Станав за потсмев на сите непријатели мои, дури и за соседите мои,
и страв за оние што ме знаат;
оние што надвор ќе ме видат, бегаат од мене.