Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 24

24
Обвинувањето на Јудејците против Павле
1 # 25,2 По пет дена прво­свеш­теникот Ананија слезе со старешините и со некој говорник Тертил, па излегоа пред управникот, обвинувајќи го Павле. 2#24,10А кога го повикаа, Тертил почна да го обвинува, велејќи: 3„Секогаш и насекаде со голема бла­годарност признаваме дека преку тебе, многупочитуван Феликсе, кај нас има полн мир, а преку твоите грижи – на овој народ му се дели вистинска правда. 4#26,2-3Но, за да не ти одземеме многу вре­ме, те молам накратко да нѐ сослушаш со твојата кротост. 5Утврдивме дека овој човек е чума и дека крева бунтови меѓу сите Јудејци по целиот свет и дека е водач на назарејската ерес. 6#6,13-14; 25,8Тој се обиде дури и храмот да го ос­кверни. Затоа ние го фативме и сакавме да му судиме според нашиот Закон; 7но заповедникот Лисиј дојде и со голема сила го истргна од нашите раце, и го испрати кај тебе, 8откако заповеда и ние, неговите об­винители, да дојдеме кај тебе. Ти ќе мо­жеш сам да го испиташ и од него да доз­на­еш за што го обвинуваме.“ 9И Јудејците потврдуваа дека е така.
Павле ја искажува својата одбрана пред Феликс
10 # 24,4; 26,2 А кога управникот му даде знак да зборува, Павле одговори: „Знаејќи дека многу години ти си судија на овој народ, со послободно срце ќе зборувам во моја одбрана. 11#20,16Ти можеш да дознаеш дека нема повеќе од дванаесет дена откако се ис­качив во Ерусалим на поклонение. 12И не ме најдоа ниту во храмот, ниту по синагогите, ниту, пак, во градот да спорам со некого, или да го бунтувам народот. 13Ниту, пак, тие можат пред тебе да го докажат она за што сега ме обвинуваат. 14#28,23Но ти признавам дека според уче­њето, кое тие го нарекуваат ерес, Му служам на Бога на нашите татковци, дека верувам во сѐ што е напишано во Законот и кај Пророците, 15#23,6; 26,6-8дека се надевам на Бога, дека ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, како што и тие самите очекуваат. 16#23,1; 2 Тим 1,3Затоа и сам се трудам секогаш да имам чиста совест пред Бога и пред луѓето. 17#11,29; 21,23-26По многу години дојдов да му донесам на мојот народ милостина и прино­си. 18Тогаш, кога се бев очистил, ме најдоа во храмот, без да има народ или метеж; 19#21,27Но, имаше некои Јудејци од Азија, кои требаше да се претстават пред тебе и да ме обви­нат, ако имаат нешто против мене. 20Или, пак, тие сами нека кажат дали во мене нашле некаква неправда, кога бев застанал пред Синедрионот, 21#23,6; 24,15освен за овие зборови, кои, стоејќи пред нив, гласно ги изговорив: ’Вие денес ме су­ди­те поради воскресението на мртвите.‘“ 22Кога го слушна тоа Феликс, тој го одложи делото, бидејќи добро знаеше за тоа учење, и рече: „Ќе го разгледам де­лото кога ќе дојде заповедникот Лисиј.“ 23И му заповеда на стотникот да го пази Павле, но да му дава извесна слобода, и да не запира никого од неговите блиски да му служат, или да доаѓаат кај него.
Павле пред Феликс и Друзила
24По неколку дена дојде Феликс со својата жена Друзила која беше Јудејка, па го повика Павле и слушаше од него за верата во Христос. 25#17,32; Мк 6,17-20А кога Павле зборуваше за правда, за воздржување и за идниот суд, Феликс се уплаши и одговори: „Сега оди си, а кога ќе најдам време, ќе те повикам.“ 26Притоа, се надеваше дека Павле ќе му даде пари за да го пушти; затоа чес­то го повикуваше и разговараше со не­го. 27#12,3; 25,9Но кога изминаа две години, Фе­лик­с беше заменет од Порциј Фест. И бидејќи са­каше да им угоди на Јудејците, Феликс го остави Павле во окови.

Селектирано:

Дела 24: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се