Дела 25
25
Павле пред Фест
1А Фест, откако пристигна во областа, по три дена отиде од Кесарија во Ерусалим. 2#25,15Тогаш првосвештеникот и јудејските првенци му ги изнесоа своите обвинувања против Павле, и го молеа, 3барајќи да им биде наклонет против него – да го прати во Ерусалим; а на патот подготвуваа заседа за да го убијат. 4Но Фест одговори дека Павле се чува под стража во Кесарија, а и дека самиот тој скоро ќе отпатува таму. 5#23,30„Кои, пак, се влијателни меѓу вас, нека дојдат со мене, и ако овој човек има некаква вина, тогаш нека го обвинат.“ 6И откако остана кај нив не повеќе од десет дена, тој слезе во Кесарија, и утредента седна на судскиот стол и заповеда да го доведат Павле. 7#24,5-6А кога го доведоа, Јудејците што беа дошле од Ерусалим го обиколија и изнесоа против Павле многу тешки обвиненија, кои не можеа да ги докажат. 8#6,13А тој, во своја одбрана, рече: „Не извршив никаков престап ни против јудејскиот закон, ни против храмот, ниту, пак, против цезарот.“ 9#24,27Но Фест, сакајќи да им угоди на Јудејците, му одговори на Павле и рече: „Сакаш ли да одиш горе во Ерусалим и таму пред мене да ти се суди за тоа?“ 10А Павле одговори: „Стојам пред цезаровиот суд, каде што треба да бидам суден. На Јудејците не сум им згрешил ништо, како што и ти тоа многу добро го знаеш. 11#25,7Зашто, ако сум згрешил и сум направил нешто што заслужува смрт, јас не одбивам да умрам; но, ако нема ништо од тоа за што ме обвинуваат, тогаш никој не може да ме предаде на нив. Се повикувам на цезарот.“ 12Тогаш Фест, откако се посоветува со Советот, одговори: „Се повика ли на цезарот? Кај цезарот ќе појдеш.“
Павле пред Агрипа и Верникиј
13А откако минаа неколку дена, царот Агрипа и Верникиј слегоа во Кесарија за да го поздрават Фест. 14И бидејќи таму останаа повеќе денови, Фест му го претстави на царот делото на Павле, велејќи: „Феликс остави еден човек во затворот. 15#25,2.24Кога бев во Ерусалим, обвинение против него подигнаа првосвештениците и старешините на Јудејците и ме молеа да го осудам. 16Јас одговорив дека кај Римјаните не е вообичаено човек да се предаде на смрт пред обвинетиот да се соочи со обвинителите и да му се дозволи да се брани од обвинението. 17И кога дојдоа заедно овде, следниот ден, без никакво одлагање јас седнав на судискиот стол и заповедав да го доведат човекот; 18и кога обвинителите застанаа околу него, не изнесоа против него ниедно обвинение од оние што јас ги очекував; 19#17,18; 18,15; 23,29; Лк 24,5.23; 2 Кор 13,4туку против него имаа некакви препирки околу нивното верување и за некојси Исус, Кој умрел, а за Кого Павле тврди дека е жив. 20#25,9-10 А јас, не знаејќи што да правам со овој спор, го прашав дали сака да оди во Ерусалим и таму да му се суди за оваа работа. 21#25,11-12Но, бидејќи Павле побара да биде чуван до судската одлука на неговото височество, заповедав да го држат под стража, додека го пратам кај цезарот.“ 22#Лк 23,8Тогаш Агрипа му рече на Фест: „И самиот би сакал да го сослушам тој човек.“ А тој одговори: „Утре ќе го сослушаш.“ 23#Мт 10,18Утредента, кога Агрипа и Верникиј дојдоа со многу раскош и влегоа во судницата заедно со началниците и најугледните граѓани, по заповед на Фест, го доведоа Павле. 24#22,22; 25,2.7.15Фест рече: „Царе Агрипа и сите вие, кои сте овде со нас! Го гледате овој, за кого целото мноштво Јудејци дојдоа кај мене, и во Ерусалим и овде, и викаа дека тој повеќе не треба да живее. 25#23,9; 28,18Но јас, откако разбрав дека тој не направил ништо достојно за смрт, и бидејќи тој сам се повика на неговото височество, решив да го пратам кај него. 26За него немам ништо соодветно за да му напишам на господарот; затоа го изведов пред вас, и особено пред тебе, царе Агрипа, за да можам, откако ќе заврши испитувањето, нешто да напишам. 27Зашто, сметам дека е бесмислено да пратам затвореник, а да не ги изложам обвиненијата против него.“
Селектирано:
Дела 25: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023